Кога работниците се борат против сопствените права

19.09.2018 00:24
Кога работниците се борат против сопствените права

За време на својата минатогодишна источноевропска турнеја, францускиот претседател Емануел Макрон го насочи вниманието на растечките разлики во економскиот развој меѓу земјите како што се од една страна Бугарија и Романија, а од друга западноевропските земји и тоа го претстави како очигледна последица на пазарната интеграција на државите во склоп на Европската унија и заедничкиот пазар. Макрон тврдеше дека евтината работна сила во Источна Европа врши социјален дампинг на платите на подобро платените западни работници и дека работниците од Источна Европа кои се упатени кон Западот за време на својот престој во Франција би требало да добиваат ист надомест како и локалната работна сила.

Главната економска предност на Источна Европа е значително поевтината работна сила во однос на западноевропските стандарди. Западните компании се особено загрижени заради предложената попустливост во ограничувањето на каботажата: можност возилата регистрирани во државите членки да превезуваат стока во други земји членки за време на меѓународното патување. Западноевропските работници исто така имаат причина да се плашат од конкуренцијата на своите источни колеги. Коментирајќи(ЛИНК) го предлогот, претставникот на францускиот синдикален центар ЦГТ ги спореди работниците од Бугарија, Полска и Унгарија со робови.

Европската комисија во мај 2018 година, следејќи го предлогот на Макрон, започна иницијатива за изедначување на работните услови ширум Европа: таканаречениот „пакет за мобилност“. Целта е да го регулира времето за одмор и возење на возачите и нивниот надомест, како и да ги утврди правата на транспортните компании кои работат надвор од матичната држава. Според предлогот, возачите не би смееле да бидат оддалечени од местото на престој повеќе од три недели во месецот, а работодавачите би требало да ги обезбедат трошоците за враќање доколку возачот на камионот одлучи да замине дома. Исто така, времето за одмор би требало да вклучува подолги паузи (до 45 часа неделно) во соодветно сместување (односно во хотели), кое би го плаќале работодавачите. Возачите сега често спијат во кабините, а целта на овој предлог е да се стави крај на таа нехигиенска практика која ја загрозува безбедноста на патот, освен во случај на специјализирани паркинг објекти, кои се опремени со кујнска опрема и санитарен чвор, каде на возачот би му било дозволено спиење во кабина.

Андреј Новаков

Национални херои и предавници

За време на дискусијата и гласањето во Комисијата за транспорт на Европскиот Парламент на почетокот од Јуни, неколку бугарски претставници ја предводеа коалицијата политичари од источноевропските земји во „храбрата“ борба против предложените реформи. Во јули Парламентот се обиде повторно да го изгласа предлогот, но само предизвика нов круг нерешливи контроверзи, а пакетот беше вратен кај Комисијата за транспорт на понатамошно разгледување. Како што стојат нештата, предлогот е ставен во фиока барем до следните европски избори.

Бугарските претставници кои го предводеа неуморниот отпор против Пакетот за мобилност се членови на Европската народна партија, но ним им се придружија и Ангел Џамбаски, истакнат политичар од радикалната десница. Но, за време на гласањето им се придружија и сите останати бугарски претставници освен еден. Претставникот Андреј Новаков еуфорично го прослави рушењето на предлогот на комисијата како „апсолутна и безусловна капитулација на пакетот на Макрон и целосна победа на бугарските позиции“. Како што задкулисната дипломатија потфрли веднаш на почетокот, Џамбаски прибегна кон притисок на улица и повика на протест на камионџиите во Брисел. Уште претходно, токму при посетата на Макрон, беше организиран протест во Бугарија. Еден од аргументите на Џамбаски беше дека обврската на возачите да им се овозможи враќање дома на секои три недели ја нарушува слободата на движењето.

Бугарската социјалистичка партија и нејзините претставници во Европскиот парламент исто така се бореа за интересите на капиталот, иако користеа помалку запенета реторика. Корнелија Нинова, шефицата на партијата, упати остра критика за пакетот и вети поддршка од другите партии од левицата во Европа за бугарскиот товарен сектор. Неговиот став го налути бугарското Здружение на меѓународни шпедитерски компании кое издаде соопштение во кое Пирински го нарекуваат „национален предавник“ и бараат објаснување од „одметнатиот“ претставник

„Бугарската позиција“

Во меѓувреме и бугарскиот парламент едногласно изгласа декларација во која се осудува пакетот за мобилност. Владата недвосмислено ги поддржуваше транспортните компании и тоа со закана дека, доколку ги применат новите правила, ќе распишат референдум за излегување од ЕУ, заради опасност од „западноевропскиот популизам“. Двата главни синдикални центри, КНСБ и Поддршка исто така се спротивставија на пакетот за мобилност. Користејќи се со послободна интерпретација на човековите права, синдикатите тврдеа дека пакетот е облик на „дискриминација“. Сепак, се обидоа да балансираат помеѓу очигледните бенефиции за возачите кои се содржани во предлогот и интересот на претпријатијата. На пример, се сложија дека би било добро на возачите да им се плаќа износ на минимална плата во земјата во која работат најмногу.

Таканаречената „бугарска позиција“, која го обедини целиот политички спектар, работодавачите и работниците, владата и опозицијата, не е ништо друго туку позиција на сопствениците на бугарските транспортни компании, без разлика што некои од заговарачите, особено вклучувајќи го и Џамбаски, се колнеа во работниците. Најмногу се приговара за новиот распоред за одмор и, што е поважно, за предлогот возачите кои работат во странство повеќе од 72 часа да се третираат како упатени работници. Тоа би значело дека се подложни на законодсвството, надоместите и прописите на земјата домаќин. Со други зборови, тие би морале да имаат плата и заштита еднаква со западноевропските возачи, барем додека се во странство. Инаку, бугарската влада плаќа износи од околу 300 евра, на кои се додаваат просечно 1 160 евра „дневница“ за храна, сместување и останати трошоци за време на возењето на големи дестинации во Европа, за кои секако не се плаќаат придонеси. Возачите по правило се обидуваат да заштедат колку што е можно повеќе, особено на трошоците за сместување така што спијат во кабините на камионите.

Ретки се приликите во кои земја која е толку безначајна во европската политика како што е Бугарија, впрочем да направи голема разлика и мошне трагично е што направен е придонес за да се сруши предлогот за скромно подобрување на условите за работа и обид за премостување на скандалозните разлики во платите за иста работа помеѓу Истокот и Западот. Поуката што треба да се извлече е дека десницата и радикалната десница ја штитат само мобилноста на капиталот, но не се колебаат да го напуштат начелото за мобилност кога се работи за луѓето кои бегаат од војните во разорените земји.

Работниците во одбрана на работодавачите

За време на протестот против пакетот за мобилност во Бугарија кој го организираа возачите беше истакнат транспарентот „Макрон, немој да ја поделиш Европа“! Со тоа сакаа да придонесат за критика на концептот „Европа во две брзини“. Притоа заборавија дека Европа во однос на ова прашање секогаш возела во „две брзини“. Изразено ниските и „конкурентни“ плати на источноевропските возачи најдобро ја покажуваат оваа нееднаквост.

Притоа лесно е да се исмејуваат возачите затоа што протестираат против своите интереси и го заговараат сопственото искористување. Но нема ништо необично во тоа што работниците кои не се организирани, немаат синдикат ни платформа преку која би ги штителе своите права, пред сè да застанат во одбрана на своите работодавачи, надевајќи се дека, ако ништо друго, барем ќе го задржат своето работно место. Со морализирање на нивните постапки се замаглува фактот дека единствениот начин на кој земјите како Бугарија ја одржуваат меѓународната конкурентност е вршење притисок за намалување на платите. Работниците се сосема свесни за условите за работа на Запад, но принудени се да ја прифатат нееднаквоста како и својата положба на граѓани од втор ред во Европа.

Во моменталната европска економска коњуктура, капиталот ужива речиси неограничена мобилност поддржана од даночни олеснувања, па сè до субвенции. И најмалите обиди да се наметнат повисоки стандарди за заштита на работниците и подобри плати наидуваат на жесток отпор од капиталот, па дури и на повици за напуштање на ЕУ. Наспроти тоа, работниците често се препуштени евентуално да се преселат, ако се подготвени да го прифатат понижувањето со платите и ограничувањето на социјалните права.

Извор: http://www.bilten.org/

Слични содржини

Европа

ОкоБоли главаВицФото