Мора да му кажеме ДА на социјализмот

20.09.2018 00:23
Мора да му кажеме ДА на социјализмот

Комичарот Џим Кери вели дека Демократите треба да престанат да ги избегнуваат нападите на Републиканците и да му кажат „да на социјализмот“.

„Мора да му кажеме да на социјализмот – на зборот и сè останато“, рече Кери во емисијата на Бил Маер. „Треба да престанеме да се извинуваме.“

Неговиот коментар следеше откако Маер се пожали дека Републиканците ги напаѓаат прогресивните демократи кои се идентификуваат како социјалисти, користејќи го примерот на Венецуела.

„На Демократите им треба план за да се борат против изреката, „Социјализмот ќе живее во Венецуела“, вели Маер. „Но, сè уште не гледам таква борба.“

Републиканците почнаа да напаѓаат откако почнаа да се појавуваат кандидати од левицата – предводени од Александрија Оказио-Кортез од Њујорк, член на Демократските социјалисти од Америка – нивна цел беа етаблираните Демократи од овогодинешните избори.

Маер вели дека наклонетоста на Демократската партија кон лево е реакција на победата на Доналд Трамп во 2016 година.

„Медикер за сите, крај на студентските долгови, поинаков пристап во војната против тероризмот, крај на масовната затвореност – изгледа дека ако има светла точка во трагедијата Трамп, тогаш тоа е фактот што Демократите повторно открија кои се,“ вели Маер.

Брент Бозел, претседателот на конзервативниот Центар за истражувачки медиуми, го повика Џим Кери да ги спроведе зборовите на дело и да го подари своето богатство.

Извор: https://www.washingtontimes.com