Ода на радоста

20.09.2018 16:05

Да се сака кога веќе нема надеж:
тоа е само љубов.

Да се пушти нова радио-сонда
кога десет такви се срушени,
да се земат двесте зајачиња
кога сто пцовисале:
дури тоа е наука.

Прашувате за тајната.
Има едно име:
повторно.

Најпосле
кучето в заби го носи
својот лик врз водата,
луѓето заковуваат нова Месечина.
Те сакам.

Како каријатиди
со подигнатите раце
го потиснуваме гранитното време

и поразени
секогаш победуваме.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото