Промоција на „Креветизам и хоризонтала“

21.09.2018 01:56
Промоција на „Креветизам и хоризонтала“

„Пулс. Масажа. Адреналин. Драги стихољупци, ‘131’, ‘87’, ‘128’ од албумот ‘Оваа трансплантирана машина за чукање’ , ‘Двојка’ од албумот ‘Антитело’, еден куп други отпеани, но и неотпеани стихови на ‘Фолтин’ се збрале во едно книжуле под наслов ‘Креветизам и хоризонтала’ со потпис Пијан Славеј, уметничкото име на Бранислав Николов. Вака извадачот „Прозарт Медиа“ и „Цреша бар“ го најавуваат настанот во петок (21 септември), кога ќе се одржи промоција на книгата поезија и свирка на „Фолтин“.

„Примероците од книгата поезија ќе ги обезбеди организаторот ‘Прозарт медиа’ (по промотивна цена), а групата ‘Фолтин’ можноста да си ги испеете во живо дел од стиховите во неа“, стои во најавата за петок.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“. „Креветизам и хоризонтала“ е финансиски поддржана од Драги Филевски, Де Ниро. Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.

 

ОкоБоли главаВицФото