60 години Милан Младеновиќ

22.09.18 13:50

Обожавателите на Милан Младеновиќ (1958-1994), легендарниот белградски музичар и автор, деновиве имаат можност во живо да се потсетат на некои од најголемите хитови на Екатерина Велика, Катерина Втора и Шарло Акробата, по повод 60 години од раѓањето на Младеновиќ.

Милан Младеновиќ е роден на 21 септември 1958 година во Загреб, а почина на 5 ноември 1994 година од рак, на 36 години.

Кон крајот на седумдесеттите заедно со гитаристите Драгомир Гаги Михаиловиќ и Милан Стефановиќ го основал бендот Лимоново дрво, а потоа со Иван Вдовиќ Вд, Гаги Михаиловиќ и Душан Којиќ Која, подоцна лидер на Дисциплина Кичме, го формирал бендот Шарло Акробата кој во 1981 година учествувал во снимањето на манифестот на белградскиот нов бран – албумот „Пакет аранжман“. Истата година објавен е и албумот на Шарло, „Bistriji ili tuplji čovek biva kad“.

Потоа, Младеновиќ со Михаиловиќ и Вд го основал бендот Катерина Втора, во кој се придружиле и клавијатуристката Маргита Маги Стефановиќ и басистот Бојан Печар.

Младеновиќ беше и меѓу белградските музичари кои 1992 година го основаа привремениот состав Римтутитуки и ја снимија антивоената песна „Slušaj vamo“ со клучниот рефрен „Mir, brate, mir“, во издание на Б92.

Следната, 1993 година, ЕКВ го сними и последниот албум „Neko nas posmatra“.

Младеновиќ пред смртта во Бразил го сними албумот „Angel’s Breath“ во соработка со новосадскиот музичар Митар Суботиќ Суба, кој почина 1999 година.

Освен Младеновиќ, меѓу живите веќе не се ни Вд, Маги и Печар, а во 2013 во Белград почина и долгогодишниот менаџер на ЕКВ, Небојша Гргиќ Грга.

Во 2011 година Младеновиќ доби плато во Белград со неговото име – на просторот во Дечанска улица пред влезот на Домот на младите.

Извор: http://www.seecult.org

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото