1009 hPa
62 %
10 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 07:59
Групна изложба на современ накит „Флора VS Фауна“ ќе биде поставена во Природонаучниот музеј во Скопје од 26 до 30 септември, од 9 до 16 часот.
Накитот е креација на петмина дизајнери: Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од растителниот и животинскиот свет.
„Планетата секојдневно не одушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни кои се избориле да опстанат овде, со нас“, велат авторите за мотивот за изложбата која ја организира „Карка Jewelry“.
Извор: https://www.radiomof.mk