Премиера на „Д шииит“ на МОТ

24.09.2018 02:50
Премиера на „Д шииит“ на МОТ

На 24 септември (понеделник) во Кино „Фросина“ со почеток во 22 часот, во рамките на МОТ, премиерно ќе биде изведена „Д шииит“, најновата, четврта по ред, претстава на театарот „Артопија“ – Скопје.

Во перформансот базиран на концептот на „граници“ сведочиме на испитувањето на актерите како ја конструираат и ја деконструираат поделбата на време и место и нивните сценски идентитети, преку постојана трансформација на нивните тела меѓу субјект и објект, каде што линијата меѓу лични и универзални граници станува сè подвосмислена.

Во претставата играат Симона Спировска-Костовска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Бојан Кирковски, а режијата е на Ирем Ајдан.

Извор: mot.mk