Се зголемува смртноста на новороденчињата во Македонија

25.09.2018 01:18
Се зголемува смртноста на новороденчињата во Македонија

Според податоците кои ги објави Светската Банка, смртноста на новороденчињата во Македонија е зголемена за 45 проценти во периодот од 2009 до 2017 година. Во 2009 година смртноста на новороденчињата изнесувала 7.20 проценти, додека во 2017 година таа изнесува 10.50 проценти.

Во споредба со Македонија, смртноста на новороденчињата во Европската унија за истиот период (од 2009 до 2017) е намалена за 15 проценти. Во 2009 година таа изнесувала 2.78 проценти, додека во 2017 изнесувала 2.37 проценти.

Извор: Рефлектор / World bank

ОкоБоли главаВицФото