Изложба со петте тефтери на Владимир Лукаш

25.09.2018 12:34
 Тефтерите на Владимир Лукаш

На 27.09.2018, во четврток, од 20:00 часот изложба во Мобилна / Монтажна галерија. Владимир Лукаш. Скицерајки. 255 цртежи културно поделени во 5 книги.

 

За „Скицерајките“ 

„Скицерајките“ (Sketchbooks), тефтерите на Владимир Лукаш, полни со цртежи, се забавни, духовити, игриви, анархични, но и ликовно комплексни и симболички повеќезначни. Заправо, тефтерите на Лукаш ми наликуваат на спој меѓу Енди Ворхол, Френсис Бејкон и Гери Ларсон (Andy Warhol, Francis Bacon, Gary Larson). Неговите цртежи на прв поглед се едноставни, речиси налик на карикатури, но заправо ги отвораат клучните теми на современата уметност: пикторијалноста, материјалот (медиумот), односот меѓу зборот и сликата, цртежот и бојата, „внатрешното“ и „надворешното“, реалното и симболичкото... (...)

Лукаш, како и Ворхол, е амбивалентна уметничка фигура, која едновремено ги помрднува границите на естетското (низ обидите да ја пронајде или создаде изгубената аура околу уметничките дела), но и останува затворена во сликите кои сами себе се репродуцираат. Токму поради тоа Лукаш е дел од малиот број уметници кои успеваат успешно да создаваат во овие процепи, меѓу рабовите на технолошките револуции, меѓу симулакрумите и виртуелните ралности, меѓу мистичното и симболичното, „популарното“ и „високото“, вицот и теоријата, обидувајќи се елегантно да се позиционира во неауратскиот свет, изместен од сопствените зглобови.

(Извадок од текстот во каталогот на Никола Гелевски)

 

27.09.2018, 20:00 часот, Мобилна/Монтажна галерија

Настанот на Фејсбук

Изложбата е финансиски поддржана од Град Скопје и Општина Центар

ОкоБоли главаВицФото