Ако сме сите вмро, сите сме будали!

27.09.2018 00:17
Ако сме сите вмро, сите сме будали!

Понекогаш се смеам, а понекогаш се нервирам, кога ќе чујам како луѓето трогателно се дистанцираат од сопствените заблуди и гревови, дистанцирајки го дпмне од вмро.

Демек сите ние сме вмро, само овие од дпмне не с‪е.

Тоа е клучната заблуда којашто смртта на Македонецот како национално и одржавотворено битие ја проектира пред неговото раѓање! Мислам дека тоа е единствен случај во историјата, таа, сакам да кажам, идентификација и историска легитимација со сопствената смрт.‬

Поточно: со непостоењето!

Обратно, овие од дпмне се вмро, а сите ние или не сме вмро или сме будали и лудаци во смислата што е содржана во претходната реченица.‬

Гоце денеска би рекол дека е прерано народот да се крева на референдум. Даме би рекол дека референдумот е згодна прилика Македонија да се ослободи од ропството на Европа и на домашните предавници. Карев би рекол, каков референдум, бе, одиме директно во уќуматот, Јане би ја киднапирал Ангела...

Тоа е.‬

Малку е тажничко, но, гледајте, никој не може да не ги отвори очите, проблемот е во тоа што ние правевме и правиме сè да ги отвориме што покасно (Гаетан Пикон).‬
‪Владата на Бугарија со закон ја забранила вмро во 1934, додека владата на Република Македонија, односно Собранието, сè уште немаат донесено таков закон.‬ можеби зашто дпмне е пичкин дим во однос на вмро, но, понекогаш и пичкиниот дим заслужува вмровско внимание.