Нов прогресивен фронт

27.09.2018 02:12
Нов прогресивен фронт

Во тек е извонредно значајна глобална битка за иднината на нашата планета – за нејзината економија, општество и животна средина.

Во време на огромна имотна и доходовна нееднаквост и кога 1 отсто на светското население поседува повеќе богатство од останатите 99 отсто, пред нас се одвива подем на нова авторитарна оска.

Иако режимите што ја сочинуваат, меѓусебно се разликуваат по некои аспекти, главните арибути им се заеднички: отпор кон демократските норми и слободи на медиумите, нетолеранција кон етничките и верски малцинства и уверувањето дека власта треба да служи на сопствените себични финансиски интереси. Исто така, тие лидери се длабоко поврзани со мрежа на олигарси, мултимилијардери, кои светот го третираат како своја економска играчка.

Оние меѓу нас што веруваат во демократија и во тоа дека власта треба да им дава отчет на граѓаните, треба да ги сфатат размерите на овој предизвик за да можеме сите заедно да се соочиме со него.

Досега требаше да биде јасно дека Доналд Трамп и десното движење што го поддржува не се единствена американска појава. Ширум светот, во Европа, Русија, на Блискиот исток, во Азија и на други места гледаме двиѓења предводени од демоагози кои ги искористуваат стравовите на луѓето, предрасудите и незадоволството за да ја зграпчат и задржат власта.

Извесно е дека тој тренд не почна со Доналд Трамп, но исто така нема сомнение дека авторитарните лидери ширум светот црпеле инцпирација од фактот што најстарите и најмоќните демократии уживаат во поткопување на демократските норми.

Кој можеше да замисли пед три години дека Соединетите држави ќе останат неутрални помеѓу Канада, нашиот демократски сосед и вториот по големина трговски партнер и Саудиска Арабија, монархија, корумпирана држава која жените ги третира како граѓани од трет ред? Тешко е да се замисли дека владата на Нетанјаху во Израел би усвоила „закон на национална држава“ со кој заправо се легализира второразеден статус на нееврејските граѓани на Израел, ако Бенџамин Нетанјаху не знаеше дека ќе добие поддршка од Трамп.

Сето тоа е општо познато. Додека Соединетите држави сè повеќе се оддалечуваат од долгогодишните демократски сојузници, американскиот амбасадор во Германија недвосмислено потврди дека администрацијата на Трамп дава поддршка на екстремистичките десни партии ширум Европа.

Покрај непријателството кон демократските институции, нашиот претседател милијардер на непримерен начин во владините политики ги вградува сопствените економски интереси, како и интересите на неговите пријатели.

Во други авторитарни држави тој клептократски процес отишол уште подалеку. Во Русија е невозможно да се каже каде завршуваат одлуките на Владата, а каде почнуваат интересите на Владимир Путин и на неговиот круг олигарси. Слично на тоа, во Саудиска Арабија, каде нејзините природни богатства се проценети на билиони долари, припаѓаат на саудиското кралско семејство. Во Унгарија, авторитарниот лидер Виктор Орбан отворено гради сојуз со Путин. Во Кина, кругот на чие чело е Си Џинпинг ја консолидираше моќта намалувајќиги граѓанските слободи и истовремено промовирајќи ја во странство својата верзија на авторитарен капитализам.

Треба да се разбере дека овие авторитарни властодршци се дел на заедничкиот фронт. Тие тесно соработуваат, имаат заеднички тактики и кога стаува збор за европските и американските десни движења – ги делат истите донатори. На пример, семејстовот Мерцер, која ја поддржува неславната фирма „Кембриџ Аналитика“, финансиски го поддржува и Трамп и мрежата „Breitbart News“, која во Европа, САД и Израел развива една и единствена антиимигрантска, антимуслиманска програма. Републиканскиот мегадонатор, Шелдон Андерсон великодушно ги финансира десните идеи во Соединетите држави и Израел во двете земји промовира заедничка програма на нетолеранција и не – либерализам во двете земји.

Не можеме успешно да се спротивставиме на десниот авторитаризам со враќање на пропаднатото status quo од претходните неколку децении. Денес во Соединетите држави и во многу други делови на светот, луѓето работат повеќе часови за плати што стагнираат и притоа стравуват дека нивните деца ќе имат уште понизок животен стандард од нивниот.

Наша задача е да се бориме за иднината во која новите технологии и иновации работат во корист на сите луѓе, а не само на неколкумина. Неприфатливо е 1 отсто од светското население да поседува половина од богатството на нашата планета, додека 70 отсто од работното население се на дното на скалилото и поседуваат само 2,7 отсто на глобалното богатство.

Владите на светот треба со заеднички сили да се спротивстават на мултинационалните корпорации кои 21 билион американски долари чуваат во на офшор сметки, за да се избегне плаќањето данок, а потоа бараат нивните влади да наметнат мерки за штедење на работното население.

Неприфатливо е индустријата на фосилни горива и натаму да остварува огромни профити со уништување на планетата и иднината на нашите деца и внуци.

Неприфатливо е неколку мултинационални медиумски гиганти во сопственост на мал број милијардери во голема мерка да го контролира протокот на информациите на планетата.

Неприфатливо е трговските стратегии кои им носат корист на мултинационалните корпорации и ја поттикнуваат трката кон дното, ширум светот да ги толчат незаштитените работни луѓе.

Неприфатливо е денес, кога студената војна е одамна зад нас, државите да трошат повеќе од билион долари годишно за разорно оружје додека милиони деца умираат од лесно излечиви болести.

За успешно да се бориме против сè посилната меѓународна авторитарна оска, потребно ни е меѓународно прогресивно движење кое мобилизира со визијата на заедничкиот просперитет, сигурност и достоинство за сите луѓе и кое ќе се бори против големата глобална нееднаквост, не само економската, туку и политичка.

Таквото движење треба креативно и смело да размислува за светот во иднината. Додека авторитарната оска е посветена на разградувањето на глобалниот поредок настанат по Втората светска војна, кого гледа како препрека на својот пат кон стекнување на моќ и богатство, не е доволно само да го браниме денешниот облик на тој поредок.

Треба трезно да се согледа зошто тој поредок не успеал да исполни многу од своите очекувања, како и како авторитарните власти ги искористија нивните неуспеси за да добијат поддршка за нивната програма. Потребна ни е концепција на вистински прогресивен глобален поредок заснован на човечка солидарност, кој признава дека секоја личност на оваа планета учествува во заедничката човечност, дека сите сакаме децата здраво да ни растат, да имаат пристап до добро образование и пристојна работа, да пијат чиста вода, дишат здрав воздух и живеат во мир.

Наша задача е да се поврземе со сите, во секој агол на планетата, кои ги делат овие вредности и се борат за подобар свет.

Во време на брз раст на богатството и технологијата, имаме потенцијал да создадеме пристоен живот за сите луѓе. Наша задача е да градиме заедничка човечност и со сите сили и на секој можен начин да се спротивставиме на моќта на властодршците и корпорациите кои никому не даваат отчет и коишто настојуваат да нè поделат и да нè свртат едни против други. Знаеме дека тие сили дејствуваат заеднички и глобално. Така мора да дејствуваме и ние.

Го замоливме Јанис Варуфакис за коментар на овој текст:

Барни Сандерс е сосема во право. Финасиерите одамна формираа меѓународно „братство“ за да си обезбедат отстапница кога ќе се урнат нивните пирамиди од хартија.

Во поново време, ксенофобичните десни зилоти градат своја националистичка интернационала, свртувајќи ги некогаш достоинствените луѓе едни против други за да ги контролираат нивното богатство и политика.

Крајно време е демократите ширум светот да основаат прогресивна интернационала во интерес на мнозинството луѓе на сите континенти, во секоја држава.

Сандерс е во право и кога кажува дека решението не треба да се бара во враќањето на status quo, чијшто спектакуларен неуспех го отвори патот за подемот на националистичката интернационала.

Нашата прогресивна интернационала треба да биде заснована на визијата на зелен, заеднички просперитет кој човечката памет е способна да го обезбеди – ако на демократијата тоа ѝ се овозможи.

За тоа не ни е доволна заедничка кампања. Да основаме заеднички совет кој ќе изгради заеднички нацрт за меѓународен „њу дил“, а нов,прогресивен Бретон вудс.

Илустрации: Peter Oumanski

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото