„Зачекори напред! Изборот е твој!“

27.09.2018 17:52
„Зачекори напред! Изборот е твој!“

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“, денеска, ја завршува граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“, која во изминатите три недели, на граѓаните им овозможи пристап до релевантни информации за придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО, како и за договорот со Грција.

На крајот од оваа кампања, ги повикуваме сите граѓани, во наредните денови, да го прочитаат Договорот од Преспа, дополнително да се информираат за сите детали врзани за референдумот, и на 30 септември да излезат и да го искористат своето право на глас, за едно од најважните прашања во поновата македонска историја.

На интернет-страницата на иницијативата „Зачекори напред!“, граѓаните можат да најдат детална анализа на најважните членови од Договорот во Преспа, да прочитаат бројни информации и анализи од сферата на економијата, здравството, земјоделството, владеењето на правото, заштитата на човековите права, образованието, животната средина, како и да ги пронајдат одговорите на најчесто поставуваните прашања за ЕУ, НАТО и Договорот. Сите овие информации ќе им помогнат на граѓаните подобро да се информираат и врз основа на тоа да изградат сопствен став и да донесат сопствена одлука.

Погледнете избор од видеата за кампањата:

За договорот, македонскиот народ и македонскиот јазик / Љупчо Ристески, антрополог и етнолог

Идентитетот не е сапун да се потроши, не е точак да ти го украдат, не е копче да се изгуби

Дали „Северна“ го загрозува македонскиот идентитет?

Дали договорот го гарантира македонскиот идентитет?

Избор од факто факти од придобивките од членството во ЕУ и НАТО:

Земјоделство:
Која е придобивката за македонското земјоделство со членството во ЕУ?

Со влезот во ЕУ, Македонија ќе ја спроведува заедничката земјоделска политика на ЕУ, чијашто цел е обезбедување стабилен приход за земјоделците, зачувување на руралното наследство и обезбедување на прифатливи цени и квалитетни производи. Бидејќи со влезот во ЕУ веќе нема да постојат граници, царини и други тарифи, македонските земјоделци ќе имаат слободен пристап на единствениот пазар на ЕУ од 508 милиони потрошувачи.

Македонија ќе ги користи и повластените трговски договори, бесцарински режими и царински унии со земјите со кои ЕУ има соработка, а ќе биде и дел од Европската економска зона и ќе биде дел од единствен пазар меѓу државите членки на ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд. Сите овие земји претставуваат нови потенцијални извозни пазари и нудат нови можности за македонските

Здравство:
Што значи членството во ЕУ за квалитетот на лековите?

Во ЕУ постојат строги критериуми за пуштање во промет на медицински производи, но постои и строг надзор над медицинските производи кои се веќе пуштени во употреба. Поради строгите критериуми, по влезот во ЕУ, на пазарот ќе можат да се пуштаат само висококвалитетни медицински производи, а во случај на појава на одредени проблеми ќе се овозможи навремено повлекување на небезбедните медицински производи што веќе се наоѓаат на пазарот. Со ова ќе се унапредат и ќе се заштитат здравјето и безбедноста на пациентите.

Економија:
Клучни придобивки од користење на европските фондови

Образование:
Дали и под кои услови македонските студенти ќе можат да студираат на странските универзитети?

По влезот во ЕУ, македонските студенти ќе можат да студираат на сите универзитети во ЕУ под исти услови како и државјаните на државата членка во која се наоѓа универзитетот.Како државјани на ЕУ, македонските студенти, исто како и студентите од другите ЕУ- земји (зависно од самиот универзитет), или ќе бидат ослободени од плаќањето школарина или ќе плаќаат школарина која е иста за сите државјани на ЕУ.

Животна средина:
Дали членството во ЕУ значи подобар квалитет на животната средина?

ЕУ има високи стандарди за заштита на животната средина, а нејзините политики директно влијаат врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Унијата со децении спроведува строги регулативи и работи интензивно на подигање на јавната свест, што придонесува кон почиста животна средина. Како резултат на тоа, во ЕУ има намалување на загаденоста на воздухот, чиста вода за пиење, но и намалено количество отпад што активно се рециклира или повторно се употребува.

Владеење на право:
Дали членството во ЕУ значи поголема заштита на основните човекови права?

Европската Унија е еден од светските лидери во унапредување на правната и институционална рамка за заштита на човековите права. Пристапувањето во Европската Унија значи приспособување на законската рамка за заштита на основните човекови права права, но и зголемени обуки и тренинзи на судиите и обвинителите, што резултира со користење на правото на ЕУ при донесувањето на одлуки и со тоа повисок стандард на почитување и заштита. Земјите членки на ЕУ покажуваат зголемена свест за еднаков третман без разлика на полот, годините, сексуалната ориентација, расата и етничката припадност, религијата, итн., како и борба против расизмот и расното профилирање.

Ефектите на НАТО:
Кои се придобивките на земјите членки на НАТО?

Покрај основната соработка, членките соработуваат и на политички и економски план, односно имаат и невоена соработка, што значи дека соработката не се сведува само и исклучиво на безбедноста и одбраната. Партнерството создадено преку Северноатлантскиот договор е основа за економска соработка помеѓу земјите членки на НАТО, а заложбата да работат заедно и на полето на економијата означува зголемен прилив на инвестиции и зголемен економски раст за секоја од 29-те земји членки. Како пример, Црна Гора која е членка на НАТО од 2017 г., имала вкупен прилив на инвестиции од НАТО-членките во првите шест месеци од 2018 година во износ од 215,2 милиони евра. Најголемиот дел од странските инвестиции се од држави членки на НАТО, како: Италија (18 %), Унгарија (13,6 %), Турција (7,3 %) и Белгија (2,8 %).

Носители на граѓанската иницијатива се: Фондација Отворено општество – Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Младински образовен форум (МОФ), Цивил – Центар за слобода, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Рурална коалиција, Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Центар за современи уметности.

ОкоБоли главаВицФото