Годишно се убиваат половина милијарда животни помалку затоа што луѓето јадат помалку месо

28.09.2018 01:48
Годишно се убиваат половина милијарда животни помалку затоа што луѓето јадат помалку месо

Стана јасно дека нема сите толку брзо да престанат да јадат месо, но колку повеќе се подигнува свеста за третирањето на животните, за здравствените ефекти од конвенционалната исхрана и ефектите врз околината од јадењето претерана количина месо, сè повеќе луѓе почнуваат барем да ја разгледуваат опцијата за консумирање многу помала количина месо.

Иако, многу вегани би тврделе дека таквиот избор треба да биде сè или ништо и дека единствен начин за да се направи таква промена е да се откажеме од сите животински производи, можеме јасно да ја забележиме разликата која се случи едноставно затоа што луѓето се посвесни во поглед на нивното консумирање месо, пишува Collective evolution.

Лично не јадам месо ниту поголем дел од животинските производи, но не се сметам за веган, главно затоа што немам потреба од етикета ниту потреба да се дефинирам на тој начин – не повеќе. Во минатото бев строг веган и сфатив дека ставањето етикета и проповедањето на сопствените убедувања не е нужно ефективен начин за промена.

Едуцирањето на луѓето за етичките, здравствените и аспектите на животната средина кои одат рака под рака со традиционалната исхрана, укажувањето колку е важно внимавањето за количината месо и животинските производи што ги консумираме и поттикнувањето на идејата за консумирање помалку такви производи како и избегнувањето производи кои доаѓаат од индустриското производство се покажа како многу поефективно.

Да се вели некому дека е виновен, а дека вие сте во право, не поминува баш најдобро, барем според моето искуство.

Консумираме помалку месо

Консумирањето месо е во постојан пад од 2007 година. Впрочем, според статистичките податови на The Humane Society of the United States, консумирањето месо опаднало за 10 проценти по глава на жител во Соединетите држави. Таа година во САД се одгледани и заклани околу 9,5 милијарди животни за исхрана. Од 2014 година таа бројка е намалена за 400 милиони.

Овие податоци доаѓаат од Пол Сафир, потпретседателот на Farm Animal Protection (заштита на животните на фармите) за The Humane Society of the United States (Хуманото општество на САД).

„Тоа значи дека во споредба со 2007 година, минатата година речиси половина милијарда животни помалку се подложени на мачење во индустриските фарми и индустриските кланици и покрај зголемувањето на популацијата во САД“.

Дали сте подготвени за уште добри вести?

Таа бројка и натаму се намалува и 500 милиони поштедени животи во период од само 10 години впрочем е мошне импресивна. Доколку бројот животни кои се масовно произведени и заклани заради исхрана продолжува да опаѓа за половина милијарда на секои 10 години, нема да помине долго додека не се случи ниедно животно да не треба да страда.

Дали тоа се случува затоа што луѓето преминуваат на растителна исхрана?

Не нужно. Како што сè повеќе луѓе стануваат свесни од користа што ја носи растителната исхрана, луѓето донесуваат повеќе етички втемелени и свесни одлуки за тоа што ќе консумираат. Тоа не значи дека автоматски ќе станат вегани, туку дека луѓето одлучуваат да јадат помалку месо.

Тоа е очигледно и според растечкиот број вегетаријански и вегански ресторани кои постојано се отвораат насекаде.

Постојат многу реалистички и изненадувачки вкусни алтернативи, а изгледа дека луѓето се сè повеќе отворени да им дадат шанса. Многу спортисти стануваат вегани и се колнат во таквиот животен стил зашто им овозможува постигнување оптимални резултати. Гледаме и сè повеќе доктори кои го прифаќаат овој животен стил.

Времињата се менуваат

Ова служи како моќен потсетник дека со доволно свест и особено со помош на интернетот нештата можат да се променат и ќе се променат. Доколку некој избере да остане неук, нема да се промени, но Интернетот направи да биде тешко да се остане неук. Никој не сака да гледа како страдаат животните и сигурен сум дека повеќето разбрани луѓе на планетата би сакале ниедно животно повеќе никогаш да не страда.

Кога ќе сфатиме колкаво влијание можеме да имаме, тоа сознание ќе ни помогне да донесуваме етички одлуки. Никогаш не заборавајте дека „малиот чин добрина, помножен со милиони може да го трансформира светот“. Верувам дека токму тоа го предизвикало драстичното намалување на бројката животни кои се заклани за храна.

Сите можеме да придонесеме активно да создаваме свет во кој сакаме да живееме и навистина да разбереме дека доколку не сме дел од решението, тогаш сме дел од проблемот.

Што може да направите вие за да го намалите вашето влијание?

Извор: https://www.collective-evolution.com

ОкоБоли главаВицФото