Најдобрите крими филмови според оценките на критичарите

29.09.2018 00:34
Најдобрите крими филмови според оценките на критичарите

Бидејќи криминалот и насилството споени создаваат привлечен материјал за гледање, двете истакнати карактеристики ги има во голем дел од најдобрите филмови на сите времиња.

Метакритичарските податоци создадени од „Бизнис инсајдер“ ги следат најпознатите крими-филмови во историјата, започнувајќи од современи трилери како „No Country for Old Men“ до класици како „The Godfather“ и „On the Waterfront“.

Листата ги вклучува сите филмови со највисоки оцени што имаат ознака „крими“ на страницата, што се покажа како широка категорија која опфаќа играни филмови и документарци. Ги издвојуваме првите 10.

10. „Double Indemnity“ (1944)

Оценка од критичарите: 95/100
Оценка од публиката: 8,3/10

Што велат критичарите: „Филмот ноар е најопоен од холивудските коктели, а никој не е посилен од Double Indemnity; „Телеграф“.

9. „L'Argent“ (1984)

Оценка од критичарите: 95/10
Оценка од публиката: 9,4/10

Што велат критичарите: „Ја надминува непристрасноста на новинарството. Има тежина на официјален извештај за духовната состојба на цивилизација за која нема надеж“;„Њујорк Тајмс“.

8. „Mean Streets“ (1973)

Оценка од критичарите: 96/100

Што велат критичарите: „Филмот на Мартин Скорсезе не е толку гангстерски филм колку што е перциптивна, симпатична, трагична приказна за тоа како е кога човек расте во гангстерска средина“; „Чикаго сан-тајмс“.

7. „Тhe French Connection“ (1971)

Оценка од критичарите: 96/100
Оценка од публиката: 8,5/100

Што велат критичарите: „Постои еден проблем со возбудата што произлегува од филмот. Откако ќе заврши, откако ќе излезете од киното, ќе ја проколнете досадата во вашиот живот“; „Чикаго трибјун“.

6. „12 Angry Men“ (1957)

Oценка од критичарите: 96/100
Оценка од публиката: 9,4/100

Што велат критичарите: „Продорна, чувствителна и на моменти шокантна дисекција на срцата и умовите на луѓе кои очигледно се нешто помалку од богови“; „Њујорк тајмс“.

5. „Rififi“ (1956)

Оценка од критичарите: 97/100
Оценка од публиката: 8,3/10

Што велат критичарите: „Меѓу многуте изненадувања во филмот е и сцената со кражбата снимана во целосна тишина, што е контраст на поновите филмови од овој жанр, кои се прилично бучни“; „Кристијан сајнс монитор“.

4. „Pépé le Moko“ (1937)

Оценка од критичарите: 98/100
Оценка од публиката: 5,3/10

Што велат критичарите: „Прекрасно изработен филм, прекрасно одглумено, забавно; ова е филм за кој луѓето ќе велат: веќе не се прават вакви филмови“; „Лос Анџелес тајмс“.

3. „Touch of Evil“ (1958)

Оценка од критичарите: 99/100

Што велат критичарите: „Кoлку и да е маестрално снимањето на Велс, она што го прави филмот неверојатно ремек-дело е поширокиот квалитет на неговиот стил, кој предизвикува секоја слика да се надополнува со секоја друга во филмот“; „Чикаго ридр“.

2. „The Night of the Hunter“ (1955)

Оценка од критичарите: 99/100
Оценка од публиката: 8,3/10

Што велат критичарите: „Најмрачниот од сите американски филмови“; „Тајм аут Лондон“.

1. „The Godfather“ (1972)

Оценка од критичарите: 100/100
Оценка од публиката: 9,2/10

Што велат критичарите: „Комплетно изграден дијамант“; „Остин хроникл“.

Извор: https://www.fakulteti.mk

ОкоБоли главаВицФото