Што ако преовлада бојкотот на референдумов?

30.09.2018 22:41
 Што ако преовлада бојкотот на референдумов?

Излегов и гласав денеска. Се вратив порано од Англија за да можам да бидам во Македонија овој ден.

Ако преовлада бојкотот на референдумов за името, ги повикувам сите Mакедонци и Mакедонки пријатели кои активно јавно и приватно агитираа и го поддржаа бојкотот, а кои живеат во САД, ЕУ, Канада, Австралија, Нов Зеланд.. да дојдат од утре во Македонија. Да дојдат, да работат и живеат тука со нас и да ни покажат како во наредните 30 години да се бориме со воените сојузи, империјализмот, капитализмот и сите други изми. Да ги напуштат своите работни места по финансиски корпорации, меѓународни организации, истражувачки институти... Да ги вратат фондовите на ЕУ и САД за нивните докторати и магистерски.

И да ни дојдат тука заедно да работиме за Македонија.
Само така можам да ги сфатам сериозно нивните ставови и фермани по фб статуси и блогови. Сè друго е заслепеност од сопствената привилегија, игнорантност, себичност и продавање демагогии.

Слика: Свирачиња