За добра ноќ и убава недела што следи

01.10.2018 04:55
За добра ноќ и убава недела што следи

Дали сум/сме разочаран/и од референдумот?
Од излезноста да. Но, во земја во која нема релевантен попис, во која има милион и осумсто запишани, а милион и двеста реално, одземи уште 100 до 150000, остануваат милионче и притоа од нив често и кусур гласаат ЗА а 400-500000 прават ајвар, епа не само што не е разочарување туку е голем успех.

Но, факт е и дека можевме повеќе. Или поточно СДСМ можеше и мораше. Мораше да работи подлабински на терен каде сеуште има ВМРО остатоци, мораше да направи драстични кадровски промени особено во администрацијата и да ги обработи и придобие токму тие кои се во тампон зона. Промени одма.

Попис. ЗАДОЛЖИТЕЛНО четиво во периодот што следи. Без да знаеме колку сме само ќе се давиме и ќе лутаме во бројки, математики и калкулации, па и шпекулации.
ВМРО ДПМНЕ мораше да се стави себеси надпартиски, за прогрес, ЕУ и НАТО, како што само декларативно се води, а ги лаже оние за мене необјаснивите со името, нацијата, потеклото за сметка на криминалот на нејзините во голем број членови.

Народот, луѓето што не гласаа за иднината на своите деца и внуци (Македонија е толку мала што сите си имаме понекого во фамилија, далечен или премногу близок, за жал) требаше да го стават прстот на чело и да се удрат во тоа тиквата, како што ми викаше дедо ми и да размислат што требаше да се случи денес а што пропуштија. Да се прашаат дали сакаат среќни и насмеани внуци и криминалци во затвор и насмеани криминалци а внуци во Манитоба. Да размислат кога ќе легнат, но и да разберат дека овие шанси не се едногодишни. Некои се еднаш во животот и не се пропуштаат. А вие пропуштивте.

Јас знам дека не е ова пропаднато туку напротив: ЌЕ НÈ БИДЕ. Можам слободно да кажам дека (за жал?) го делиме ова парче земја и (за жал?) и вие ќе ги уживате сите бенефити од овој референдум. Од оваа историска одлука која НИЕ храбро и решително ја зедовме во свои раце а вие кукавички отидовте ајвар да правите.
Не се радувајте дека победивте. Победа е кога ќе видите насмеани лица дома, во комшии и околу себе. Вие ќе барате такви лица, а сега околу вас е само извештачена нереална насмевка.

А јас и сите останатите 600000 ЗА имаме искрени насмевки и деца кои се горди на нас што носиме правилни одлуки за нивната иднина.

Нека ви служи на чест вашето Борговско живеење.
Европа е на дофат. Во вагонот зад локомотивата има 600000. Вие сте на крајот. Како и секогаш.
Добра ноќ ви ноќ и 600000 Гуш и исто толку Бац ❤️

Слики: Александар Дојранлиев