Реакции по референдумот за името

01.10.2018 11:04
Реакции по референдумот за името

Ако преовлада бојкотот на референдумов за името, ги повикувам сите Mакедонци и Mакедонки пријатели кои активно јавно и приватно агитираа и го поддржаа бојкотот, а кои живеат во САД, ЕУ, Канада, Австралија, Нов Зеланд.. да дојдат од утре во Македонија. Да дојдат, да работат и живеат тука со нас и да ни покажат како во наредните 30 години да се бориме со воените сојузи, империјализмот, капитализмот и сите други изми. Да ги напуштат своите работни места по финансиски корпорации, меѓународни организации, истражувачки институти... Да ги вратат фондовите на ЕУ и САД за нивните докторати и магистерски. И да ни дојдат тука заедно да работиме за Македонија.
Марија Башевска


То само у Македонија може да прогласи победа некој што воопшто не учествувал у играта.
Дејан Божиновски


Граѓаните на Македонија гласаа ЗА.
Тоа е неспорно.
Можат да измислуваат што сакаат, меѓутоа ова е факт.
Мирјана Најчевска


Јас знам дека не е ова пропаднато туку напротив: ЌЕ НÈ БИДЕ. Можам слободно да кажам дека (за жал?) го делиме ова парче земја и (за жал?) и вие ќе ги уживате сите бенефити од овој референдум. Од оваа историска одлука која НИЕ храбро и решително ја зедовме во свои раце а вие кукавички отидовте ајвар да правите.
Не се радувајте дека победивте. Победа е кога ќе видите насмеани лица дома, во комшии и околу себе. Вие ќе барате такви лица, а сега околу вас е само извештачена нереална насмевка.
Денис Јанкуловски


Мене резултатов ми изгледа реален. Останатиот дел кој би требало да гласа ЗА, а не гласал, тие одамна се определиле за НАТО и ЕУ, па таму и си заминале. Така да голем дел од народот веќе е таму, остана уште државава да ја пратиме некако.
Бесфорт Идризи


До пред неполни две години се давевме во национализам на граница со фашизам, а сеа 600k + гласаат за исклучително чувствително и комплексно прашање, крајно рационално и Вие сте разочарани. Кратко памтење, дечки.
Срѓан Јаниќијевиќ

600.000 гласа ЗА.
На пренадуен и нереален список.
При непостоечки попис и раселена држава.
При деструктивна опозиција и поделена држава.
Не владееја 11 години со просек 400к гласови, уништија држава.
Резултатот е одличен, МК има има разумни, чесни, достоинствени луѓе со став.
Вистински херои.
Ивор Мицковски


ВМРО-ДПМНЕ решаваше за судбината на Македонија 11 години, а на власт дојде со 304.572 гласови во 2006 година.
Сеир


Европска Македонија доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори во историјата на независна Македонија. Собранието е на потег, пратениците имаат обврска да ја следат мнозинската волја.
Зоран Заев


За таа работа после избори сам или во коалиција ако добиеш над 51% од пратениците во парламентот да дојдеш на власт сум чул.
Ама за оваа работа да бојкотираш, да бараш противничкиот лидер да поднесел оставка и да бидеш против избори и пак да бараш некако да дојдеш на власт, е, за таа работа не сум чул.
Владимир Петрески


Како деца кога игравме фудбал,еднаш ги водевме 6:1, ама пусто не сакаа да изгубат и си ја земаа топката и отидоа дома да слават дека се победници.
Роландо Кутиров


Не знам, но +600 000 одлучни и храбри луѓе, сме страв да те фати бројка, при евентуални предвремени избори.
Јане Ѓорѓиоски


Едните убави, насмеани, паметни, храбри и достоинствени. Другите.... нека се живи и здрави. #ЗА
Јана Куновска

Мицковски прогласи победа.
Значи гласал ЗА!
Сашо Куковски


Ние попис немаме напраено 16 години, пак во ЕУ ќе сме влегвеле.
Иљче Затаракоски


Сè е нереално. Нереален е избирачкиот список, нереални се манипулациите со бројките на оние кои не излегле оти не излегле и оние кои не излегле оти се против. Нереални се претпоставките дека ќе има двотретинско мнозинство без нови избори. Тоа што е реално е дека шесто илјади луѓе јасно и без простор за манипулации кажаа дека сакаат да се извадат од овој балкански жив песок.
Но реално е и дека ние бевме истата бројка и пред сево ова, што неминовно води до заклучок дека целокупната кампања не им се обрати на луѓето на кои требаше. Не “префрли рампа” точно кај оние со кои не смеат да се поистоветуваат бојкотирачите, односно оние кои хронично не излегуваат на гласање, кои вечно (можеби и со право) не веруваат дека со нивниот глас може нешто да се смени на подобро. Кампањата ниту го зборуваше нивниот јазик, ниту ја поттикна нивната заинтересираност, иако овој референдум беше означен како историски и најбитен после оној за осамостојување. Таму треба да се бара “поразот”...
А што се однесува до нас што излеговме: ова е победа за нас, другари. Многу сме, во право сме and we will prevail!
Ирена Стеријовска


Од математички, не од правен аспект, Македонија реално нема 1.800.000 гласачи, а нема ни релевантен извор за тие податоци, со што бројката за цензус станува дискутабилна исто така. Гледајќи го трендот од претходните избори и референдуми, опцијата 'ЗА' има шанси да стане најподдржувана опција од независноста до сега.
Повеќе од јасно е дека ни е потребен попис и сериозно да се размисли за промена на изборниот систем.
Теано Кардула


А една апликација за броење гласови да направевме за 27 години?
Софија Куновска


Бидувањето жртва како клучна идентитетска одредница не сме пасти.
Лина Симон


Eimigrative art, 2000-2002

„Значи, луѓето зборуваат. Секој на свој начин, секој во свое име. Она што го делат е политиката која се мисли, која се раѓа, постанува и настанува тука пред нас, на наши очи можна. За разлика од онаа која настанува во гласачките кутии и која баш зашто секогаш ќе ги изневери очекувањата на гласачите, отсега можеме да ја наречеме политика на невозможното.“

Кумјана Новакова

 

Веќе 27 годин секој протест, митинг, избори, кампања, програма... се за „европска Македонија“. 

И веќе 27 години, барем два пати годишно, „македонската европска иднина и интеграции се загрозени, а меѓународната заедница загрижена“.

Има еден латински израз, се вика „ad nauseam“ и значи повторување до повраќање, додека да ти се згади.

А психологијата познава феномен кој се нарекува „семантичко заситување“, кога поради репетиција некој збор ја губи смислата и се доживува како безначајни звуци.

Така некако.

Инес Ефремова, 02.10.18.

 

Е сега дами и господа од Сдсм, време е да се погледнете во огледало, да погледнете наназад во вашите активности, вашите политики, вашите кадри и да се посветите на проучување на самите себеси.

Многу мои пријатели/ки кои се членови на Сдсм, исто многу други кои не се ваши членови, но обично гласале за вас и ве избирале како помалото зло, денес дозволија да преовладее нивната разочараност од вас и да не гласаат и покрај тоа што се за ЕУ и за Нато и за договор со Грција. Бидејќи го присвоивте референдумот, ко Цветанка Ласкова да влага лично у ЕУ и НАТО, а не цела Македонија, а тие не сакаат да бидат поврзани со вас. Сакаа да ве казнат. Да ви кажат дека се разочарани од вашите политики. Дека сте арогантни и бахати, а тоа не ви иде со местото на раѓање во лична карта. Дека сте неспособни. И многу други работи сакаа да ви кажат.

Затоа, најдобронамерен совет - посветете се на себеанализа каде грешевте и пробајте да ги исправите тие грешки, секако, доколку сакате да ги добиете следните избори. Бидејќи вие сте на власт благодарение на нас разочараните граѓани од претходното владеење на Вмро-Дпмне и немањето друг избор, а не од огромните симпатии и поддршка кон вас.

П.С. Албанците кои масовно гласаа на референдумот, не гласаа од што го поддржуваат Сдсм, туку од што традиционално се про-ЕУ и про-НАТО.
Љуми Бекири


Слики: Александар Дојранлиев

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото