1025 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 03:59
На досегашните #избори и #референдуми во Македонија од 1990 година, само два пати излезноста била пониска од 50 отсто, покажуваат податоците на Институтот за демократија Социетас Цивилис, претставени на инфографикот на Рефлектор.
На парламентарните избори во 1990 година излезноста на граѓаните била 84,8 отсто, а на референдумот на 8 септември, во 1991 година се изјасниле 75,7 отсто од граѓаните.
На референдумот за законот за територијална поделба на Република Македонија, кој бил одржан на 7 ноември 2004 година излегле само 26, 6 отсто од граѓаните, а на претседателските избори во 2014 година се изјасниле 48,9 отсто граѓани.
Извор: Рефлектор