Истражувањата покажаа: луѓето што не веруваат во слетувањето на Месечината се паднати од Марс

02.10.2018 02:44
Истражувањата покажаа: 90 проценти од луѓето што не веруваат во слетувањето на Месечината се паднати од Марс

Теориите на заговор се сѐ поприсутни затоа што непречено се шират по социјалните мрежи, па социолозите истражија кои се луѓето што не веруваат дека луѓето слетале на Месечината. Резултатите од истражувањата ги шокираа научниците со својата иронија затоа што открија дека 90 проценти од луѓето што не веруваат во слетувањето на Месечината – се паднати од Марс.

Оние што се паднати од Марс не знаеле да одговорат на едноставни прашања од општа култура како што се: „Која година луѓето слетале на Месечината?“ и слично.

Засега не е познато дали таквите доживеале губење на помнењето кога паднале од Марс или никогаш не ги ни знаеле основите.

Она што научниците воопшто не ги изненадило е податокот дека сите оние што паднале од Марс веруваат дека вонземјаните живеат меѓу луѓето на Земјата.

Извор: www.newsbar.tv