Секој ден сонувам да заминам...

03.10.18 00:57

 

„Секој ден сонувам да заминам во совршената земја што се вика странство“ - вели главниот лик во краткометражниот анимиран филм „Непатување“ (Untravel) на авторите Ана Недељковиќ и Никола Мајдак, кој има шанса да влезе во трката за Оскар.

Се работи за приказна за една изолирана држава, оградена со високи ѕидови од која е многу тешко, речиси невозможно да се излезе и патува. Главниот лик, девојчето цело време се обидува засекогаш да замине во совршената држава што се вика Странство...

Оваа српско - словачка копродукција, според порталот „CartoonBrew“ се вбројува во 63-те анимирани филмови што ги исполнуваат условите за номинација за Оскар. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Србија, во продукција на „Баш челик“. Аниацијата е работена во техниката „стоп - моушн“, фигурите се изработени од пластелин. Овој краток филм премиерно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал и е награден на неколку светски фестивали.

 

Извор: Danas

ОкоБоли главаВицФото