Македонија го менува името во Поранешна Југословенска Република Македонија Во Која Пропадна Референдумот За Името

03.10.2018 09:33
Македонија го менува името во Поранешна Југословенска Република Македонија Во Која Пропадна Референдумот За Името

Скопје, 1 октомври 2018, (Њуз) – Поранешна Југословенска Република Македонија е приморана, по неуспешниот референдум за промена на името, да го смени името во Поранешна Југословенска Република Македонија Во Која Пропадна Референдумот За Промена На Името Во Северна Македонија.

Потсеќаме дека, иако околу 92 проценти од излезените граѓани на референдумот гласале за влез на земјата во НАТО и ЕУ и за промена на името во Република Северна Македонија, поради слабата излезност референдумот сепак не успеа.

– Според договорот со Грција, во случај на неуспешен референдум, мораме да го додадеме тој исход во името на државата. За жал, се јавува проблем како името Поранешна Југословенска Република Македонија Во Која Пропадна Референдумот За Промена На Името Во Северна Македонија ќе го собере на таблите на патиштата и на телевизорите за време на Евросонг, а ме плаши што ќе се случи ако во иднина ни пропадне и вториот референдум – вели македонскиот премиер Зоран Заев.

Од друга страна, во Грција следниот викенд би требало да се организира референдум со прашањето „Дали сте задоволни што во Поранешна Југословенска Република Македонија Во Која Пропадна Референдумот За Промена На Името Во Северна Македонија пропадна референдумот за промена на името?“.

Како што незванично дознаваме, Македонија има уште една шанса за успех на договорот помеѓу грчкиот и македонскиот премиер – македонскиот Парламент да го усвои договорот за промена на името, но ако мнозинството пратеници го одбие и тоа, името на државата званично ќе мора да гласи Поранешна Југословенска Република Македонија Во Која Пропадна Референдумот За Промена На Името Во Северна Македонија А Ни Собранието Не Го Усвои.

Слика: Свирачиња

Извор: njuz.net