Младата девојка како компактен политички апаратус (1)

03.10.2018 14:49
Младата девојка како компактен политички апаратус (1)

Сосема појасно, но не помалку фундаментално, Младата Девојка како и секоја стока создава политички апаратус.

 

Исто како економијата, Младата Девојка верува дека го држи човекот преку инфраструктурата.

 

Со сентименти, физиологија, семејство, „искреност“, „здравје“, желби, покорување на сите општествени одредби, со сите средства Младата Девојка се брани од слободата.


„Гледај на светлата страна“, зашто историјата е на онаа темната.


Доминацијата го открила скратениот пат многу помоќен од едноставната моќ на принудата: условената привлечност.


Биомоќта располага со креми, пилули и дезодоранси.


„Правам што сакам со својата коса!“


Заведувањето е новиот опиум за масите. Тоа е слободата на светот без слобода, радоста на светот без радост.


Ужасниот пример на неколку слободни жени во минатото беше доволен да ја увери власта дека треба да ја отстрани секоја женска слобода.

Под привидот на бесмислена неутралност, токму во Младата Девојка е најстрашниот политички апаратус кој ни се нуди на увид.


Младата Девојка напредува како жива машина, со која управува Спектаклот и управувајќи се во негова насока.


Младата Девојка е биополитичка индивидуалност.


Историски, Младата Девојка се појавува во екстремно сродство со Биомоќта, како елементарен субјект на целата биополитика.


Функцијата на Младата Девојка е да го преиначи ветувањето за слобода содржано во остварувањето на западната цивилизација во вишок отуѓување, продлабочувајќи го стоковиот поредок во нови ропства, во политички status quo.


Во доминацијата на стоката заведувањето се јавува како изведба на одредена моќ.


Современиот тип работа, каде што не се работи за одредена количина човечки труд кој носи профит, туку за послушна изведба на одредени „човечки квалитети“, извонредно прилега на миметичките компетенции на Младата Девојка.


Младата Девојка е камен темелникот на системот на перпетуација и одржување на стоковиот поредок. Таа самата се става во служба на сите реставрации, бидејќи само
сака да се ебе на мира.

Младата Девојка е идеалниот соработник. Сосема сигурно, таа не припаѓа на Имагинарната партија.


Младата Девојка ја сфаќа слободата како можност да избере помеѓу илјада безначајности.


Младата Девојка не сака историја.


Младата Девојка се стреми кон
регулација на сите сетила.


Во светот на авторитарната стока, сите пофалби на копнежот се непосредни пофалби на ропството.


Никој не е роб на семиокрацијата без од неа да добива одредена моќ, моќ на судење, негодување, мислење.


Младата Девојка е материјализација на начинот на кој капитализмот повторно ги создава сите потреби од кои ги ослободил луѓето, така што неуморно го подесува човековиот свет на апстрактните норми на Спектаклот, постојано зголемувајќи ги тие норми. Обајцата, Младата Девојка и Спектаклот, ја споделуваат морбидната опсесија да останат, по цената на френетично делување, идентични сами на себе.

Слики: Michelle Kingdom
Превод: Стефан Симоновски
Извор: Pour Une Théorie De La Jeune Fille

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото