Хуморот и авторитетот

05.10.18 10:18

Австралискиот уметник Метју Квик го користи хуморот за да се поигра со претставите за моќта и авторитетот, како и поимите убавина и национална гордост. Неговите слики го поткопуваат авторитетот неретко поврзан со империите и извлекуваат паралели со социјалните проблеми со кои се соочуваме.

„Ако ги замените нивните круни и престоли со обични предмети, аурата на императорите и боговите се сведува на немоќни фигури. Преку исмевањето играм со нивните првични големи цели, ги истражувам нивните мотивации и ја преиспитувам историјата“, вели Квик.

Притоа тој упатува на теми како што се индивидуалната слобода, социјалната контрола, надзорот и измамата на владетелите кои намерно не успеваат да го направат тоа што го кажуваат.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

Живот / Филм / Око
Фотографија / Живот / Око
Фотографија / Настан / Око
Фотографија / Настан / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото