Изложби, работилници, филмски проекции, викендов во НУБ „Св. Климент Охридски“

05.10.2018 19:35
Изложба на стрипови „Црно-бели животи"

НУБ „Свети Климент Охридски“ викендов најавува неколку различни настани.

Вечерва беше отворена изложбата на стриповите „Црно-бели животи", инспирирани од искуства на бегалци, а изработени во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш", имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој (Центар РЕД).
Стриповите ги креираа студенти од Факултетот за ликовни уметности и од Катедрата за општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје.
Целта на стриповите е да ја подигнат свеста за страдањата и правата на бегалците, пред сѐ кај младата публика од 15 до 30 години.
Утре (6 октомври) во НУБ „Св. Климент Охридски" од 12-14 часот ќе се одржи работилница за стрип, наменета за деца и млади кои сакаат да се запознаат со основните чекори за креирање стрипови.

Во рамки на „Бела ноќ“, утревече од 19 до 22 часот, во Библиотекта ќе може да се види изложба на обскурни текстови од скопската „црна хроника“ селектирана од весникот Скопски гласник (1928-1929), проекција на македонксиот филм „Сенки“ од Милчо Манчевски, а за крај и чин на повикување духови. 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото