Коса

06.10.2018 02:48
Коса

Кому уште не е јасно дека косата треба да се гледа од грб? Од напред лицето го одвлекува сето внимание. Според него ја чешламе косата - угоре, лево, десно - оти таа е само рамка чија смисла е да го истакне лицето.

Косата врз грбот паѓа рамномерно. Во тоа е, впрочем, и една од клопките на заведувањето. Да се негува косата значи да внимаваш како изгледа твојот грб.

Тоа подразбира големо откажување. Убавата коса - големо кадраво руно кое во нежни бранови досега до рамењата или мали цврсти кики преплетени како купче змии - од детето што ја има бара огромно и неверојатно трпение. Сен Џон Перс:

Кога ќе престанете да ме чешлате,
Ќе престанам да ве мразам.

Ужасно е кога се мачиме поради другиот. Се капам и се облекувам поради себе. Поради тебе се чешлам.

Напротив, избричената глава на калуѓерите, војниците, затворениците, укажува на прекин на социјалните односи во корист на нечовечкото самооткажување.

 

Превод: П. В.
Слика: Ray Caesar

ОкоБоли главаВицФото