Бенкси ставил режач со кој се самоуништи „Девојчето со балонот“

08.10.18 01:28

Британскиот уличен уметник и активист Бенкси деновиве е во фокусот откако реплика на неговиот познат мурал „Девојчето со балонот“, минатата недела беше продадено на аукција во Лондон, а потоа делото се самоуништи пред очите на присутните во аукциската куќа „Сотби“.

На 5 октомври е објавено и видео во кое Бенкси објаснува како тајно поставил режач, со кој делото, во случај да биде продадено на аукција, било подготвено да се уништи.

Делото се самоуништи откако беше продадено на аукција, а луѓето во галеријата во Лондон присуствуваа на еден од најдуховитите и најсмели герила активистички потези во историја на уметноста.

„Девојчето со балонот“ беше продадено во лондонски „Сотби“ за 1.04 милиони фунти. Но, веднаш потоа платното почна да минува низ режач на хартија, инсталиран на самата рамка.

Бенкси е уметник и активист од Бристол, чиј идентитет никогаш не е откриен. Критичко-сатиричните графити на Бенкси преку ноќ осамнуваат во градови низ светот. Во 2017 година, Британците го прогласија муралот „Девојчето со балонот“ за најомилено дело.

Муралот прв пат се појави на ѕид во Источен Лондон. Галериската верзија од 2006 година вклучуваше боја од спреј и актилик на платно, монтирани на табла.

 

Извор: Sky news

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото