Гледам на гревчиња

08.10.2018 13:26
Гледам на гревчиња

 

Бев среќна, но сега сум ок.


Ќе си легнев на брашното, но не е мој тип.


Ќе те чувам ко цркната во очите.


Би умрел за мене, а не дава да го утепам.


Имам трчано и по некој кој не бил цел.


Извини, Ахиле, не знаев дека сум ти петта.


Ти си ми прв и после еден.


Жалам е идно пермутирано време од лажам.


Имам предизвикано ќељавост на глуварче.


Ме лазат подморници.

Среброто му рекло на силициумот: Ти посакувам супер провод!


Многу ви е интровертна кесава, не се отвара ни со влажен прст.


Не сфаќам што сакам да кажеш.


Од сите што ме чекаат, најкриво ми е за книгите.


This is major лом to ground control.


It’s braining in my heart.


Autumn потом.


- Мислам дека моите ме направиле случајно.
- Грешка си.


Гледам на гревчиња.

За тебе имам Полански Роман, а за Мерил Стрип.


Серверот ми пропушта мејлови за вијагра во инбокс. Па добро како не му е спам?!


Можеби ти можеш да си дозволиш да го игнорираш утринскиот аларм со поглед, но јас го немам тој лук-снуз.


Аларму акбар!


Likeмерност.


Двоглав Opel.


Лада Нива Волвонтира за скандинавски пасош.


Мoлив тенкоминец сака да дезертира во каубоички.


Сме правеле шармпити, ло(ку)м сме се направиле.


Ајде да ги закопаме секирациите!

Вчера вечер, точно на полноќ, во слепото маалско уличе се разминав со саксофонистот од зграда 66/6. Беше стварно jazzиво.


Грдото пајче во Чернобил би била Грдото пајаче.


Космополит сум докторе, не ми делува локална анестезија.


„Еднаш се живее“ е само мачкина деветина.


Разиграни се и келнерите во ресторанов, но оризот е најжив.


Ама нели уз јадење нe се збори - какви се тие струшки вечери на поезијата?


До колку овци треба да изброи човек пред да си признае дека е неписмен?


Анксиозни лингвистични лапсуси ми се омилена трема на разговор.

ОкоБоли главаВицФото