Политиката на идентитетот и демократијата

09.10.2018 01:33
Политика на идентитетот и демократијата

Во време на политичка нестабилност, економска неизвесност и закана од еколошка катастрофа со право стравуваме за иднината на модерната демократија. Доналд Трамп, брегзит, растечката нееднаквост, топењето на поларните капи, платите кои стагнираат, трговските војни, вистинските војни, бегалците оставени да умрат во морето – додека фашистите и нивните симпатизери седат во владите и парламентите во државите на развиениот свет. Заканите се секаде околу нас, но некои се особено видливи.

Во изминатите недели во медиумите ги имавме следниве наслови: „Дали политиката на идентитетот ја загрозува демократијата?“, „Единство во поделеноста: политиката на идентитетот и заканата за демократијата“, „Можат ли либералните демократии да ја преживеат полтиката на идентитет?“ и „Политиката на идентитет нè уништува“.

Во Британија, дневно во просек се случуваат 1400 напади врз жени, 25 злосторства од омраза кон геј и транс луѓето и 3 напади врз муслимани заради нивната вероисповед. Но, фразата „политика на идентитет“, минатиот месец, во британските медиуми се појавувала почесто отколку зборот патријахат, хомофобија или исламофобија. Мора да станува збор за сериозна работа; барем така тврдат некои луѓе што се актвини на социјалните платформи.

Пронаоѓањето на употреблива дефиниција за ова сеприсутно чудовиште не е едноставна задача. Зависно од правецот од којшто доаѓа политиката на идентитет може да биде: повикување на заеднички идентитет како што е расата, родот или сексуалната ориентација; сведување на политиката на лично искуство; користење на идентитетот за остварување добивка на одредена општествена група; или понекогаш едноставно диверзитет, различност, „феминизам“, „антирасистички активизам“ или што било друго што не е експлицитно поврзано со класната припадност.

Секој кој го користи овој израз верува дека знае што значи тој. Но ако побарате да ви објаснат што точно мислат, честопати се покажува дека одговорот е доволно широк за да истовремено ги опфати движењето на суфражетките, Мартин Лутер Кинг, Доналд Трамп, како и каталонското движење за независност.

Благодарение на нејасната дефиниција и опртунистичката примена, овој термин се протега на премногу размислувања, обично во апокалиптичен тон. Како и мултикултурализмот и политичката коректност, политката на идентитет е еден од оние изрази, кој, ако не ви се допаѓаат, може да значат што сакате. Можеби треба сосема да се исфрли од употреба, затоа што веќе не е вреден ниту за напад, ни за одбрана – не затоа што улогата на идентитетот во политиката не е вредна за истражување, туку токму затоа што станува препрека за истражување.

Политиката е неделива од идентитетот. Никој на овој свет не доаѓа од вакуум. Би било апсурдно да се верува дека во случај да сум роден како девојче во Бангладеш или на некој селски имот во Романија, меѓу двете светски војни, светот би го гледал вака како што го гледам сега. „Секое човечко битие во секој историски период...се раѓа во општество и е обликувано од општеството од најраните денови“, пишува Е.Х. Кар во „Општеството и поединецот“. „Јазикот и опкружувањето го одредуваат карактерот на неговите мисли; своите први идеи секогаш го добива од другите...поединецот без општеството е глувонем и безумен“.

Проблемот е во тоа што сите идентитети не се еднакви. Колку е поголема моќта што ја овозможува одреден идентитет, толку е помалку веројатно дека носителите на таа моќ ќе бидат свесни дека таа произлегува од идентитетот. Уште никој не ме прашал: „Кога им кажа на родителите дека си хетеросексуалец?“ или „Како успеваш да ги усогласиш честите патувања и грижата околу децата?“, бидејќи такви прашања на хетереосексуалците и на мажите едноставно не им се поставуваат. Она што често се оспорува како „политика на идентитетот“ заправо попрецизно може да се опише само како „политика“ која произлегува од интересите на непривилегираните групи.

Не е тешко да се воочи зошто има проблеми со ова. Суштината на нивната програма е зачувување и ширење на постоечките привилегии. Кога некои ги напаѓаат борците за еднакви права, како носители на „политиката на повикување на неправда“(grievance politics), иронијата е во тоа што и тие самите ги користат методите што ги критикуваат. Кога себуба против либералнит елити, феминистките, мигрантите и муслиманите, тие се претставуваат како загрозена група. Претседателската кампања на Трамп беше директно насочена кон белите христијани во Америка – што е тоаако не е идентитет?

Мешаницата во левицата е уште поголема. Тие што се држат за старите претстави за класата тврдат дека политиката заснован врз идентитетот ги дели луѓето, ја поткопува солидарноста и ја расфрла енергијата на неважни работи на штета на материјално поважните прашања како што се платите и условите за работа. Тоа е фундаментално погрешно разбирање на идентитетот, политиката и класата.

Ако жените во Британија се платени 18 отсто помалку отколку мажите, родот е материјално важно прашање; иако во Америка на секои 100 долари богатство во рацете на белците, само 5 долари оди во рацете на Афроамериканците, расата е материјално важно прашање. Истото важи ако во вашата зграда нема лифт, а вие сте во количка. Исто така, ако не може да се венчате со личноста што ја сакате и нејзе/нему ѝ ја оставите пензијата, сексуалната ориентација станува материјално прашање.

Ако не можете да одите по улица без страв дека ќе ве застане полиција, ќе ве претресуваат или ќе ве застрелаат, или ако немате контрола врз одлуките за своите репродуктивни права, тоа се материјални прашања. Прифаќањето на разликите не ја загрозува солидарноста. Всушност, со поголема инклузивност и подобра информираност солидарноста би требало да стане поефикасна. „Трудот во бела кожа“, пишуваше бушавиот хипстер на политиката на идентитет, Карл Маркс, „не може да се ослободи сè додека трудот во црна кожа е жигосан“.

Тоа што улогата на идентитетот во политиката не достигнува до проблем кој многумина се обидуваат да го опишат не значи дека проблемот не постои. Има луѓе што мантрата „личното е секогаш политичко“, навистина погрешно ја толкуваат како „емоционалното секогаш е емпириско“ и веруваат дека нивната нелагодност, гадење или чувството на изолираностпретставуваат политички настан сам по себе, со што ја укинуваат колективната смисла на идентитетот, а политиката ја сведуваат на лични чувства кои се сосема валидни, но ретко придонесуваат за дебатата.

Другите веруваат дека идентитетот треба да одредува што ќе правите и како ќе размислувате и постапувате. Ако гласате на одреден начин, поддржувате одредена политика или изнесете одреден аргумент, можат да ве обвинат дека сте антиамерикански агент, Чичо Том или предавник на својата класа. Еден еврејски експерт за државни политики, еднаш, полушеговито ми рече дека Евреите што не се согласуваат со основање на израелска држава се „оперирани“ и дека „нивното еврејство е ампутирано“.

Во таква клима, идентитетот не само што го дефинира секој аргумент, туку и оневозможува каков било противаргумент. Сите спротивставувања можат да бидат замолчени со зборовите: „Поминав низ тоа, знам што зборувам“. Идејата дека другите кои поминале низ истото искуство би можеле да имаат поинакво гледање на работите или тие што немаат такво искуство можат да понудат некој увид – се турка на страна.

Тоа се прашања кои треба да се имаат предвид кога се размислува за улогата на идентитетот во политиката. Како од таму стигнавме во „закана за либералната демократија“? Тоа е мистерија. Сто години откако некои жени во Британија стекнале право на глас и 50 години по усвојувањето на Законот за граѓански права во Америка, време е да се потсетиме дека без луѓето што се мобилизирале врз основа на сопствениот идентитет, либералната демократија немаше ни да постои.

Слики: Nate Kitch

Извор: The Guardian

 

ОкоБоли главаВицФото