Мини

09.10.2018 12:25

сонувам мини. низ поле со ползење сме тргнале
и луѓе без екстремитети просат
и други ми бараат документи и списки за да купам вода,
пребројани се водите и има кој може да земе
не знам дали моите бројчиња ќе поминат и дали го имам секое потребно ливче
и да не паднало нешто во претеж.
и косата е ретка и мрсна, и главата полуќелава и забите ненаспани, изедени од себе.
и плуќата е полна кал и прашина и отрови што не се чистат,
и не разбирам ниту нарав, ни јазик, а викаат дека сум дома.
и сонувам да станам, да се разбудам.
и телефонот ѕвони, и паланечки глас отаде трешти:
‘Касниш на работа, дучанот неисчистен ми остана!’.
и легнувам да спијам
и мислам на децата што не мислат на мини,
ни вода, ни коса, ни плуќа, ни чистење дучан, ни јазик што го нема
и како тоа таму и ова ваму се вика Демократија,
и не ми е јасно.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото