Младата девојка како компактен политички апаратус (2)

09.10.2018 16:56
Младата девојка како компактен политички апаратус (2)

Строгата контрола и прекумерната грижа која ова општество ја покажува кон жените, само ја изразуваат неговата потреба да се репродуцира идентично, и да господари со својот континуитет.


„Американската академија на општествени и политички науки во публикацијата која се занимава со улогата на жените во современа Америка (1929) заклучува дека масовниот конзумеризам ја направил современата домаќинка... многу помалку специјализирана работничка, а повеќе претприемничка во бизнисот на живеење.“ (Стјуарт Ивен)


Програмата на Биомоќта се резимира во процесот на потчинување на луѓето преку нивните тела и со нивните тела.


Спектаклот го отфрлува телото така што прекумерно го повикува, како што религијата повикувала прекумерно отфрлувајќи го.


Младата Девојка ги почитува „искреноста“, „доброто срце“, „љубезноста“, „едноставноста“, „отвореноста“, „скромноста“ и општо сите доблести кои, посматрани еднострано, и не се ништо друго туку синоними за потчинетост.


Младата Девојка живее во илузија дека слободата се наоѓа на крајот од тоталното потчинување на стоковото „Јавно“. Но на крајот од тоа ропство нема ништо друго освен старост и смрт.


„Слободата не постои“, вели Младата Девојка и влегува во аптека.

Младата Девојка сака да биде „независна“, односно зависна само од „она што се причинува“.


Сета величина која истовремено не е знак на потчинување на светот на авторитарната стока со самото тоа е осудена на гнасење од Младата Девојка, која не се стеснува да зборува за „ароганција“, „самобендисаност“, па дури и „презир“.


Она што се случува во Младата Девојка е мешање на едноставниот копнеж по ствари, кој води во царството на природата, и специфичниот човечки копнеж за копнеење по другото, односно поништување на ова второто во првото. Младата Девојка е она со помош на што потрагата по препознавање се причинува како потрага по емоции, уживање и среќа. Налик економијата, Младата Девојка учествува во оркестрираниот потфат на натурализација на човековата трансценденција и анимализација на секоја слобода. Само по цена на сè погрчевито и пометастатично возбудување на копнежот по тие ствари, ова општество може и понатаму да го окултира копнежот за транценденција кој темелно доминира со луѓето. И се зборува за ослободување на копнежот за тој подобро да се подјарми.


Младата Девојка е средишниот зглоб на пермисивната конзумација и стоковото слободно време.


Пристапот до слободата во Спектаклот е само пристап до маргиналната конзумација на пазарот на желби, кој е неговото симболично срце.


Надмоќта на пазарот на забава и пазарот на желби е само момент во големиот потфат на општествената пацификација во кој тој ја има функцијата привремено да ги прикрие живите противречности кои го проткајуваат општеството.


Симболичките привилегии кои Спектаклот ѝ ги дал на Младата Девојка му се враќаат како надокнада за апсорпцијата и дифузијата на краткотрајните кодови, обновените начини на употреба и општата семиологијата која мора да се распореди за политички да се неутрализира слободното време кое настанува со „напредокот“ во општествената организација на трудот.

Младата Девојка: главна инспирација на „попустливата дресура“.


Младата Девојка: координативен фактор на атмосферата и живоста на диктаторското управување со слободното време.


Младата Девојка во суштина има карактер на тампон; на тој начин таа е носителка на сета прикладна рамнодушност, сите нужни студенила кои ги изискуваат условите на метрополитенскиот живот.


На Спектаклот му е сеедно што заведувањето е насекаде омразено сè додека луѓето не успеваат да смислат некоја исполнетост која би го надминала.


Кога Спектаклот настојува да ја „воздигнува женственоста“ или умилкувачки ја забележува „феминизацијата на светот“, сè што нуди е подмолна промоција на сите видови потчинетост, промоција на констелацијата на „вредности“ кои робовите секогаш се преправаат дека ја имаат.


Младата Девојка го претставува најефективниот агент на контрола на однесувањето. Преку неа власта навлегува до крајните длабочини на животите на сите.


Насилството со кое женскоста се управува во светот на авторитарната стока, потсетува на тоа како власта се чувствува слободна да ги злоставува своите робови, дури и кога од нив има корист при осигурувањето на репродукцијата.


Младата Девојка е власта против која е варварски, непристојно и дури вистински тоталитарно да се бунтуваме.


Во светот на авторитарната стока, оние живите во своите отуѓени копнежи ја препознаваат демонстрацијата на моќ на својот непријател.


Слики: Michelle Kingdom
Превод: Стефан Симоновски
Извор: Pour Une Théorie De La Jeune Fille

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото