Онтолошкиот аргумент

10.10.2018 01:01
Онтолошкиот аргумент

Еве една позната, но убава логичка игра која ни повеќе ни помалку го разгледува прашањето – има ли Бог? Позната како онтолошки агрумент, оваа теолошка етида од средниот век која ја смислил бенедиктанецот Анселмо Кантербериски (1033-1109) тешко ќе даде конечен одговор на ова непријатно прашање, но може да ви овозможи пријатно време и значајно задоволство во самото размислување.

Онтолошкиот аргумент настанал во бенедиктскиот манастир Бек, во кој живеел Анселмо, познат по мудроста во целиот христијански свет, а чии елегантни кули во 11 век се воздигнувале високо меѓу скромните феуди и феудите од кал на англо-норманското кралство. Аргументот се раширил низ светот уште во времето на Анселмо, за потоа да остави повеќе од длабок белег на развојот на теологијата и филозофијата кој трае неколку илјади години.

Аргументот на Анселмо има едноставна но претенциозна цел – да го докаже постоењето на Бог. Да го претпоставиме, како што се случува при докажувањето, спротивното – дека Бог кој по дефиниција е најсовршеното битие не постои во реалноста (но е идеја во нашиот ум). Меѓутоа, со умот секогаш има една неволја – секогаш можеме да го замислиме и Бог кој исто така е идеја за совршено битие, но да замислиме дека постои во реалноста.

Тоа значи дека реално-постоечкиот-замислен Бог со самото тоа што постои е посовршен од она што сме го замислиле дека не постои, а требало да биде најсовршен. И дека затоа не е точна претпоставката дека Бог не постои.

Насловната сликата претставува илуминација од 12 век, од ракописот „Медитациите на Свети Анселмо“. Инаку, Анселмо ќе стане еден од највлијателните теолози на епохата не само заради овој аргумент, туку и заради теоријата за искупувањето според која Христос со своето страдање се покајал, односно ги исплатил човечките гревови.

Анселмо Кантербериски

Анселмо бил противник на крстоносните походи, а неговиот живот го обележало и поставувањето за надбискуп во Лондон, заради што во името ја има одредницата Кантербериски. Имено, папата од Бек ќе го упати во Англија, но Анселмо со години ќе чека да ја изврши таа задача зашто норманските кралови одбивале да ѝ се потчинат на волјата на папата по тоа прашање.

Овој конфликт ќе стане дел од големата борба на кралските власти ширум Европа против правото Рим да ги одредува надбискупите, односно челните луѓе на црквите во поедини држави, што е конфликт во католичкиот свет кој се случува со векови пред верските војни.

Самиот аргумент на Анселмо е прифатен како доказ, но и опсежно е критикуван дека и не се однесува баш на Бог, туку дека може да се однесува на што било – на пример, изгубен остров. Ако островот е совршен и постои, затоа што постои секогаш е посовршен од островот кој само го замислуваме. Можеби забележавте дека мотивот на совршениот остров повремено се појавува како скриен, интригантен детал во книжевноста и во филмот – тој потекнува од дебатата за онтолошкиот аргумент.

Германскиот филозоф, математичар и физичар, Готфрид Вилхелм Лајбниц (1646-1716) исто така се занимавал со онтолошкиот аргумент. Критикувајќи го Декарт кој на своето совршенство постоењето му го доделил како предикат, Лајбниц малку подлабоко размислувал за ова – дека не е можно да се анализира совршенството, но дека сите совршенства можат да постојат заедно во еден ентитет.

Со аргументот се занимавале и многу други, Тома Аквински кој инаку направил листа од пет докази за постоењето на Бог, но и Хјум, Кант, па дури и Бертранд Расел. Аргументот има и современи толкувања.

Извор: http://naukakrozprice.rs

Слични содржини

Свет / Историја
Свет / Наука / Историја
Европа / Историја
Општество / Наука / Историја
Европа / Историја
Наука / Историја

ОкоБоли главаВицФото