„Стакло“, филм на Нина Маџиров посветен на таткото Зоран Маџиров

10.10.18 01:37

„Земи го своето скршено срце и претвори го во уметност", почнува приказната на краткометражниот филм „Стакло" што Нина Маџиров, ќерката на вонсерискиот музичар Зоран Маџиров го сними минатата година.

„Стакло" е всушност интимна исповед за големата болка со која таа се соочи по неговата смрт, но истовремено свесна за должноста што тој ѝ ја остави – со својата уметност да создава поубав свет. Филмот е снимен во рамките на нејзината студиска програма на Њујоршката филмска академија во Лос Анџелес, каде студира актерска игра.

„Во филмот е прикажано времето по неговата смрт, пред погребот, кога го исполнувам последното ветување помеѓу нас, свирејќи ја „Месечевата соната" од Бетовен на шишиња“, објаснува Нина.

Сценариото е на Нина Маџирова, режија Амалиа Рамирез, а продукцијата на New York Film Academy.

ОкоБоли главаВицФото