(Неми изливи на јони)

12.10.2018 10:16

НЕМИ ИЗЛИВИ НА ЈОНИ. Разрешување на енергијата во знак.
Противтежа. Магнетизмот танцува во отечените коски.
Протуберанции.
Видливи со слободни очи само тогаш
Кога телото е потиснато во мракот,
Кога е засенчено и немоќно
Целосно изложено, како што е телото на пациентот
Препуштено во рамнодушните раце на болничарите
Кои токму сега ја затвораат зад себе вратата на собата за рентген.
Го оставаат сам со себе и со апаратот,
Приклештен околу неговиот граден кош со гумено црево.
Зрачење. Можеби пресудно.
Протуберанции.
Сто и педесет милиони километри подалеку
Од Сончевата хромосфера,
Без вистинска причина се креваат купишта усвитен гас,
Исцртуваат чудни знаци врз работ на астралната празнина,
Се одлепуваат и со невидена брзина одлетуваат во вселената.
Светкање. Одвај забележливо.
Протуберaнции.
Протуберaнции.
Биди зборовна должина на светлосни бранови
што патуваат низ сеќавањето и плотта,
за да можеш запишувајќи ги раните
да ги зацелиш имињата за осакатувањето на овој свет.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото