1004 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Чет, 18.04.2024 00:59
За да биде целосен неговиот хорор, Цезар, кутнат врз стапалото на статуата од нетрпеливите бодежи на неговите другари, помеѓу лицата и сечивата, го открива лицето на Марко Брут, неговиот штитеник, можеби негов син, и веќе не се брани и извикува: Зар и ти, сине мој! Шекспир и Кевадо го прибираат патетичниот вик.
На судбината ѝ годат повторувањата, варијациите, симетриите; дванаесет века подоцна, на југот на провинцијата на Буенос Аирес, еден гаучо е малтретиран од други гаучоси и, паѓајќи, препознава свој посинок и му вели со кроток прекор и бавна изненада (овие зборови треба да се чујат, не да се прочитаат): А бе, еј! Го убиваат, а не знае дека умира за да се повтори една сцена.
Извор: Потекло на зборот - антологија на аргентински расказ, Слово љубве, Скопје, 2013
Превод: Фросина Стојковска