Промовиран стрипот „Хашиш“

13.10.18 14:53

Во галеријата на МКЦ, синоќа (12 октомври) беше промовирана графичката новела „Хашиш“ од Ѓорѓе Јовановиќ, по текст на Анри Мишо, во издание на Темплум, како седма книга во стрип едицијата „Лифт“.

Воедно беше отворена и изложба на која можеше да се види целиот процес на изработка на графичката новела. Селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корицата, како и фонтот што специјално е изработен за оваа графичка новела.

Уредникот на Темплум, Никола Гелевски, рече дека поради лошите финансиски услови во културата и недостигот на интерес за ваков вид проекти, авторите во културата треба да се поврзуваат и соработуваат со луѓето од другите општествени сфери, како што во овој случај, изданието го поддржа Хопс - Опции за здрав живот, Скопје. Тој се заблагодари за финансиската поддршка и на Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Авторот Ѓорѓе Јовановиќ рече дека одамна сакал да работи стрип и дека со задоволство ја прифатил поканата на Темплум, со надеж дека и во иднина ќе се работат ваков вид проекти.

Фотографии: Ванчо Џамбаски
                    Небојша Гелевски

ОкоБоли главаВицФото