Милена Дравиќ (1940 -2018)

15.10.2018 02:53
Милена Дравиќ (1940 -2018)

Милена Дравиќ беше икона на југословенската кинематографија: кариерата ја почнала во 1959 година. Играше во најпознатите партизански филмови, во седумдесеттите години во филмовите на црниот бран, во осумдесеттите во телевизиските серии...

„Почина Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга држава, таа вест би се појавила на екраните на југословенската телевизија, онака како што ни се појави веста за смртта на Тито. Милена беше Тито на југословенскиот филм. Сите ние што растевме со неа, го знаеме тоа, генерациите што доаѓаат ќе ја препознаат нејзината големина, иако Тито нема да им падне на памет. Политичарите, колку и да се големи, со време сепак умираат, уметниците живеат вечно“.

Ведрана Рудан

Таа е единствената југословенска актерка која била наградена на Канскиот филмски фестивал, за „Посебен третман“ во 1980 година, а награди добиваше и на фестивалите во Венеција, Авелино и во Пула, каде што повеќе пати освои Златна и Сребрена арена. Доби и низа награди за животно дело.

„Нејзиното филмско лице трепери во нашите сеќавања, и кога ќе ги затвориме очите илјадници мали целулоидни квадратчиња намигнуваат со нејзините сини очи и не ни даваат да остареме. Тоа е вечниот филм кој што ни го подари со своето лице Милена“

Раде Шербеџија

 

 

ОкоБоли главаВицФото