Скопска премиера на Disconnected

15.10.2018 08:50
Скопска премиера на Disconnected

На 15 октомври (понеделник) во Кино „Фросина“, со почеток во 21 часот, пред скопската публика премиерно ќе биде прикажан македонскиот краткометражен филм Disconnected („Без врска“), кој својата премиера ја имаше на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Disconnected е дипломски филм на режисерот Радован Петровиќ, кој е автор и на сценариото, а во филмот играат: Петар Стојанов, Катина Иванова и Тамара Ристоска.

Влезот е слободен, со ограничен број на карти. Картите ќе може да се подигнат на касата на МКЦ на денот на прикажувањето, по 20 часот.

По проекцијата на филмот настанот продолжува со DJ set на Бодан Јамаковски.