МСУ почнува со програмата „Радикално образование”

16.10.2018 23:45
МСУ почнува со програмата „Радикално образование”

Со предавањето на Стефан Данкомб (Stephen Duncombe), професор по културни студии на Њујорк Универзитетот, во среда (17 октомври), во Музејот на современата уметност започнува интердисциплинарната програма „Радикално образование”.

Станува збор за интердисциплинарна програма за креирање критички модели на знаење, како и развој и промоција на теоретски пристапи и уметнички практики во, и надвор од Музејот на современата уметност во Скопје. Како што соопштуваат од МСУ, Програмата има тематски фокус на области кои се однесуваат на современите уметнички практики и теорија, културните студии и историјата на уметноста, а нејзини автори се Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова, соработници на Музејот на современата уметност – Скопје.

„Предавањето именувано „Уметноста на политичката имагинација” ја разгледува моќта на уметноста да ги визуелизира личните и политичките можности, земајќи ја уметноста како влијателно средство како за критика на светот онаков каков што е, така и како визура низ која светот може да се види онаков каков би можел да биде. Во своето предавање Данкомб ќе анализира одредени историски случаи каде уметноста и уметничките форми на активизам се користат во политички цели, како што се примерите на советската авангарда, движењето за американските граѓански права и актуелни примери на уметнички активизам во целиот свет“, посочуваат од МСУ.

Данком во неговата работа се фокусира на историјата на масовните движења, алтернативните медиуми како и поврзувањето на културата и политиката. Автор е на неколку книги, а уредник е и на зборникот текстови Cultural Resistance Reader (Verso, 2002). Тој е коосновач и кодиректор на Центарот за уметнички активизам.

Вп рамки на Интердисциплинарната програма „Радикално образование” на 29 и 30 октомври треба да се одржат и работилница и предавање.

 

 

ОкоБоли главаВицФото