Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура

17.10.2018 01:28
Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура

На 17 октомври (среда) во МКЦ (Џебно кино) ќе се одржи настанот „Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура“

Програма:
17 октомври/19.30 часот

19.30ч/ Добра практика бр. 1 Ремонт на современиот уметнички систем и кризата на младите уметници: Ремонт – независна уметничка асоцијација и галерија, Белград
Презентација на Мирослав Кариќ и Марија Радош, куратори во Галерија Ремонт од Белград
Модерација: Ивана Васева, кураторка и уметничка директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат, Скопје/ Битола

20ч/ Добра практика бр. 2 Наградите и континуираниот професионален развој на уметникот – за моќта и злоупотребата на уметноста.
Презентација на Верица Ковачевска, добитничка на наградата Денес за млад визуелен уметник до 35 години во Македонија во 2018 год. како дел од Мрежата на награди за млади визуелни уметници
Модератор: Мирослав Кариќ, координатор на наградата Мангелос за млад визуелен уметник во Србија до 35 години како дел од Мрежата на награди за млади визуелни уметници

20.30ч/ Добра практика бр.3 Промоција на фанзин „Примус бр. 2 – AKTO“, алтернативни средства за уметничко изразување
Презентација на Ивана Самандова, Ангела Савевска, Мартина Спасовска, Ивана Мирчевска, Дарко Трајковски, Марко Тасевски и Дарко Алексовски
Модератор: Филип Јовановски, уметник и уметнички директор на АКТО Фестивалот за современи уметности


18 октомври/ 12 – 16 часот
Работилница за длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ

„Во ситуација во која се наоѓаме – каде сè уште владеат анахроните размислувања за уметничката генијалност и уникатност и каде времето оди линеарно хронолошки, потребно ни е, покрај потврдувањето на постоечките и имагинирање за поинаквите начини на делување. А појдовна точка за тоа ни се добрите пракси, кои помогнале и мотивирале да се зачуваат вредностите како одговорноста и свесноста за сопствените акции и чекори“, велат организаторите од фестивалот АКТО и Факултетот за работи што не се учат

Програмата „Совршениот уметник“ е поддржана од град Скопје, а програмата „Добри практики“, поддржана од Министерство за култура и медиуми на Република Србија.


 

ОкоБоли главаВицФото