Приказната зад една заборавена фотографија на Кју Клукс Клан од 1926 година

18.10.2018 00:13
Приказната зад една заборавена фотографија на Кју Клукс Клан од 1926 година

На 27 април 1926 година локалниот весник Дејли Рекорд (Канон Сити, Колорадо) подготвувал статија со фотографија од членови на Кју Клукс Клан (ККК) кои позираат на вртелешка. Статијата требало да известува за парадата на локалниот Кју Клукс Клан во градот, но истата била повлечена. Оваа фотографија останала „под радарот“ цели 65 години кога по нејзиното објавување набрзо станала вирална.

Канон Сити во Колорадо во тој период бил рударско градче, а речиси поголемиот дел од јавните личности во тој период биле членови на Кју Клукс Клан: гувернерот Кларенс Морли, сенаторот Рајс Минс, градоначалникот на Денвер Бенџамин Стејплтон, свештеникот Фред Арнолд.

Во дваесеттите години фокусот на ККК не била омразата кон црнците туку кон католиците. Членовите на ККК повеќе се занимавале со заплашување, а не со насилство, иако во тој период биле виновни за неколку претепувања, но нивните активности секако биле јавни и поддржани од владата. Во тој период Католичката црква решила да изгради опатија по големиот прилив на имигранти од Јужна Европа после Првата светска војна. Локалните протестанти биле загрижени за своите работни места и за својата локална култура, за која сметале дека се нарушува со пристигнувањето на имигрантите.

Во 1926 година, кога е настаната фотографијата, моќта на ККК била во зенитот. Според Дејли Рекорд, Вилијам Форсајт, сопственикот на имотот на кој е направена фотографијата, во градот донел мини карневал на кој можел да го промовира својот изум (патентитран 1924 година). Изумот е токму механичка вртелешка, слична на онаа на која се фотографирани членовите на ККК.

Автор на фотографијата е Клинтон Ролф, кој исто така имал врски со ККК во тој период. Неговата фотографија за првпат е откриена и предадена на Музејот и историски центар „Ројал Џорџ“ во 1991 година, а во 2003 година фотографијата била објавена во есеј што го напишала Ладона Ган, тогашната директорка на музејот.

Извор: https://www.atlasobscura.com

Слични содржини

Фотографија / Gif / Теорија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја
Фотографија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја
Фотографија / Квир / Историја

ОкоБоли главаВицФото