Среќата во 21. век

18.10.18 11:49

Илустраторот и аниматор Стив Катс (Steve Cutts) се прослави со илустрациите кои ја прикажуваат најлошата, највлаканата, најболната вистина за денешниот свет.

Неговиот анимиран филм „Среќа“ (Happiness) од 2017 година, зборува токму за тоа - среќата во соврмениот свет и како се обидуваме на сите можни начини да дојдеме до неа, занемарувајќи ги работите што ни се пред нос. Главен јунак на ова приказна е еден стаорец, класичен конзумент на 21-от век, кој се обидува да ја купи среќата. Катс паметно забележува дека сите реклами околу нас се базираат токму на тоа - производителите одаман веќе не се обидуваат да ни продадат некој производ, туку чувството што го имате кога ќе купите нешто.

Делата на Стив Катс се сатира за современото општество, неговиот стил е инспириран од стриповите од 30 -тите и 40-тите години на минатиот век, како и од модерните графички новели.

Извор: anewkindofhuman.com

ОкоБоли главаВицФото