Ара Ѓулер - „Окото на Истанбул“

19.10.18 12:28

Ара Ѓулер (16 август 1928 – 17 октомври 2018) е ерменско - турски фотограф и фоторепортер беше познат по своите потресни и носталгични фотографии на Истанбул што веќе го нема. Тој фотографирал голем број познати личности како Пикасо, Дали, Индира Ганди, како и секојдневниот живот во далечни земји, но го нарекуваа „Окото на Истанбул“, бидејќи од 1950 -тите години кога ја почнал кариерата до денес, успеал „да ја фати душата на својот роден град Истанбул“, како што напиша „Магнум“ агенцијата.

Самиот Ѓулер своите црно бели фотографии направени со апаратот „Лајка“, ги опишувал како „малку романтични“. 

 Токму тие меланхолични фотографии на Истанбул каков што веќе не постои, се сметаат за врвот на неговата исклучително долга и успешна меѓународна кариера.

Извор: The New York Times

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото