Точењето гориво за 1000 денари поскапе на 1100 денари

19.10.2018 11:55
Точењето гориво за 1000 денари поскапе на 1100 денари

Македонија, 19 октомври 2018, (Пара вести) – Точењето гориво за 1000 денари поскапе на 1100 денари, јавуваат нашите репортери од целата земја.

Имено, сѐ повеќе возачи наместо традиционалното „Стави за илјадарка!“, на работниците на бензинските пумпи им велат: „Стави за илјада и сто!“

„Цел живот ставам бензин за 1000 денари, ама во последно време, откако тој постојано поскапува, морам да додадам уште една стотка“, вели Славе Димовски, возач од Скопје. „Ми пречат ситничари што ставаат за 1090, 1091 или 1091,4, секојдневно следејќи ја актуелната цена на бензинот. Мислам дека треба сите да се договориме дека новата цена на бензинот е 1100 денари“, објаснува овој возач.

Од Здружението на пумпаџии апелираат до возачите да подготват ситни пари кога плаќаат за гориво.

„Имаме проблем кога некој ќе даде 2000 денари, па мораме да му вратиме 900 денари. Ни недостига времето кога сите ставаа за илјадарка“, вели Ристо Марковски од ова Здружение и им порачува на возачите да се вратат на точењето за илјадарка. „Можеби колата ќе им застане порано, ама барем нема да мора да чекаат работничката на пумпата да раситни пари во најблиската трафика“, додава тој.

Од друга страна, од Владата на Република Македонија напоменуваат дека, тоа што возачите точат гориво за 1100 денари претставува јасен показател за растот на животниот стандард.

„Не треба да се биде песимист и да се зборува дека резервоарот е полупразен, туку треба да се биде оптимист и да се вели дека резервоарот е полуполн“, напоменуваат од Владата.

Извор: njuz.net