Лудаци во опсерваторија

20.10.2018 12:14

Дури од далечните ѕвезди нивното око се гледа
како алчно зјае низ телескопите во просторите ѕвездни.
Додека лиги им течат од устата, ги следат
тие движења на телата во небесните бездни.

Како се вовлекле тука? Кој внатре ги пуштил?
Ги растураат инструментите и наоколу ги влечкаат.
Расфрлана е Кумовата Слама оставена да се суши.
Никој повеќе не ќе ја најде горе Големата Мечка.

Избришани се елипсите, круговите и точните сметки.
Како се вовлекле внатре? Кој тука ги собрал?
Безредие е внесено во сите ѕвездени глетки.
Се смеат лудаците растурајќи го небесниот обрач.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото