Собранието изгласа пристапување кон уставни измени, следуваат амандманите

20.10.2018 13:19
Собранието изгласа пристапување кон уставни измени, следуваат амандманите

Со 80 гласа „за“, Собранието синоќа (19 октомври) го усвои предлогот на владата за пристапување кон уставни измени, како следен чекор кон реализацијата на Договорот од Преспа, кој предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија.

80 пратеници гласаа „за“, со што беше обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

39 пратеници се изјаснија „против“ владиниот предлог за пристапување кон уставни измени.

Поголемиот дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест стана од клупите непосредно пред гласањето.

За владиниот предлог гласаа и осум пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои по седницата беа исклучени од редовите на партијата. Следно во процесот на усвојување на уставните измени е утврдување нацрт амандмани на измените, за што ќе се гласа во рок од 80 до 100 дена.

Амандманите се усвојуваат со просто мнозинство, по што повторно ќе се гласа за уставни измени, за што ќе биде потребно двотретинско мнозинство