Гласање за уставни измени

20.10.18 13:08

Собранието со 80 гласа „за“ го изгласаа предлогот на владата за отворање на постапката за уставни измени како што предвидува Договорот од Преспа.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ застана во другиот дел од собраниската сала уште пред да почне гласањето. Оние што не ги напуштија собраниските столчиња од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, гласаа за почеток на процедурата за измена на Уставот: Елизабета Канческа – Милевска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Крсто Мукоски, Зеќир Рамчиловиќ, Нора Исмаиловска – Старова и Емилија Александрова.

Со ова започнува постапката за втората фаза - нацрт амандманите.

Извор: ТВ Нова

ОкоБоли главаВицФото