Таен премин

22.10.2018 10:53

Кусоноги
безмилосни Индијанци
нè прогонуваат. И покрај советите
на трагачите по дијаманти
сме залутале во влажните џунгли
на Мато Гросо. Сè помалку нè има.
Нè фаќаат во заседи,
со мамки,
бесшумно нè ловат в самрак.
Добро е
што наоѓам некои познати дрвја.
Со премин
под нивните корења
(па јас тука во детството сум играл!)
се излегува
во лагамите
од куќата на дедо ми
во Дебар-маало.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото