Конечно ќе се прикаже последниот филм на Орсон Велс, дали е добар?

22.10.2018 23:05
Конечно ќе се прикаже последниот филм на Орсон Велс, дали е добар?

Орсон Велс зборуваше по телефон. „Што правиш во четврток?“, праша тој.
Беше тоа 1970-тата година и режисерот на „Граѓанинот Кејн“ му се јавуваше на Питер Богданович за да го замоли да се појави во неговиот најнов филм „Другата страна на ветерот“. Да, знаел дека Богданович е многу зафатен, но дали би можел само да намине на кратко во четврток, инсистирал Велс. Снимањето на целиот филм нема да трае повеќе од неколку недели, го убедувал Богданович.

Четириесет и осум години подоцна, филмот „Другата страна на ветерот“ конечно ќе пристигне во кино салите. Првпат во северна Америка е прикажан на 1 септември на филмскиот фестивал Телурајд, заедно со два нови докумнтарци за херкуловските напори да се заврши овој филм. „Тажно е што Орсон не е овде за да го види сето ова“, рече Богданович (79) од сцената на Палм театарот. „Или можеби и не е.“

Почитувачите на делото на Орсон Велс речиси изгубија надеж дека некогаш ќе го видат „Другата страна на ветерот“, кој останал незавршен по смртта на режисерот во 1985 година. Се работи за еден од најпознатите филмови што никогаш не биле прикажани пред публика, заради проблеми со авторските права и финансиски маки, вклучувајќи го тука и пропаднатиот обид на роднината на иранскиот шах да го финансира филмот.

Спасувачката акција за последното остварување на Орсон Велс, на крајот ја предводеше Френк Маршал (71), еден од најмоќните продуценти во Холивуд. Тој е познат по тоа што невозможното го прави возможно – го затворил „Стрип“ во Лас Вегас за да го сними филмот „Џејсон Борн“, останал смирен кога Стивен Спилберг побарал од него да му набави дополнителни 10 000 зии за сцената во „Потрага по изгубениот ковчег“ од серијалот за Индијана Џонс и смислил како Клинт Иствуд да го искрши патничкиот авион во „Сали“. Ако тој не можел да го заврши овој филм, тогаш кој би можел?

Кога продуцентите конечно успеале да го обезбедат финансирањето на филмот, а минатата година во продукцијата се вклучи и „Нетфликс“, требало да се прегледаат над 100 часови снимен материјал (кој бил чуван во еден магацин во Париз) за да се состави филмот што Велс го замислил како колаж, со некои делови во боја, други црно-бели и сцени снимени во различни формати (35 милиметри, 16 милиметри и супер 8)

„Никој не знаше дали навистина имаме материјал за филм кој ќе има некаква смисла“, објаснува Маршал.

Наскоро, публиката самта ќе одлучи дали овој филм има смисла. „Другата страна на ветерот“ ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“ и во неколку кино сали од 2 ноември. Досега критичарите присутни на фестивалите во Телурајд и Венеција, каде што филмот беше прикажан на 31 август, реагираа позитивно.

Првичните реакции на публиката се измешани, некои биле воодушевени, а на некои гледачи филмот им бил здодевен, што е типично за делата на Орсон Велс, кој се специјаизираше за филмови што ја поларизираат публиката.

„Другата страна на ветерот“ е реконструкција на забавата (со снимки кои наводно ги снимале самите гости) одржана во домот на Џејк Ханафорд, некомформистички режисер. Забавата се одржала непосредно пред неговата смрт. Сцените на недовршениот повратнички филм на Џејк Ханафорд, прикажани на забавата – се преклопуваат со сцените на филмот на Велс. Уште еден славен режисер – Џон Хјустон, кој почина во 1987 година го игра Ханафорд и го прикажува како мизоген алкохоличар. Богданович го игра Брукс Отерлејк, млад режисер кој станува богат и славен. Оја Кодар, која го напишала сценариото заедно со Велс, исто така има улога во бизарниот филм во филм.

Резултатот е политички некоректен, трескавичен филм со џуџиња, Оја Кодар која игра Индијанка, барем една оргија, драјв ин кино, ставови од ерата на седумдесеттите години за жените (потрошна стока), инклузијата (непостоечка), уништување на кукли, сообраќајна несреќа, коцки мраз, фенери, пушки и огромен фалус направен од жица и поставен на песочен рид.

„Ќе биде интересно да е види кави ќе бидат реакциите на „Другата страна на ветерот“, напиша Реј Кели кој го води Wellesnet.com, во својот текст додека од својот дом во Масечусетс ги читал коментарите на публиката по прикажувањето на филмот на фестивалот Тулурајд. „Голем дел од најдобрите дела на Орсон Велс, како „Допир на злото“ и „Полноќни злосторства“ предизвикале остри критики во времето кога биле прикажани. Беше потребно да поминат години пред да го добијат заслуженото признание“, напишал Кели.

На премиерата во Телурајд присуствувала шаренолика група луѓе: 21- годишниот студент Џек Дорфман кој се претставува како љубител и познавач на филмовите на Питер Богданович, претседателот на американската Академија на филмските науки и уметности, Џон Бејли, мајсторот за анимација Бред Берд, кој го направи филмот „Невидени 2“. Пред да се исклучат светлата во салата расположението беше на ниво, луѓето го пофалија „Нетфликс“ затоа што даде пари за овој проект, а продуцентот Маршал, потпирајќи се на бастунот, си разговараше со пријателите на соседните седишта.

„Му се радувам на овој филм уште од својата 12-та година“, рече Ренди Хаберкамп (61), уште еден продуцент, член на Академијата.

Но, по филмот атмосфереата била забележително посериозна. Маршал кој е оригиналниот продуцент на филмот и Богданович се качија на сцената заедно со филмскиот стручњак Џозеф Мекбрајд, кој во филмот игра млад филмски критичар. За миг се чинеше дека ги погодила празнина: што сега? Нивната 48- годишна борба за овој овој филм да бие завршен и прикажан сега е на крај.

„Сето ова на некој начин е горчливо и слатко“, рече Маршал.

„Ова е тажен филм. Не само заради тоа што е последниот филм на Орсон Велс, туку и заради тоа што изгледа како крај на сè. Мене ми личи на крајот на светот“, рече Богданович.

Извор: The New York Times