Опера долга една милја

24.10.18 07:44

Опера долга една милја е проект во јавен простор кој собра 1000 оперски пејачи од Њујорк. Тие пејат наредени долж шеталиштето „High Line“, еден од најдинамичните градски простори.

Станува збор за заедничко дело на архитектите Diller Scofidio + Renfro, на композиторот David Lang, добитник на Пулицеровата награда и поетесите Anne Carson и Claudia Rankine.

Од 3 до 8 октомври, во 19 часот учесниците пеејќи ги споделуваа своите лични приказни за животот во Њујорк кој рапидно се менува. Суштината на овој перформанс е иницијатива за ангажирање на заедницата која ги собира непрофитните културни организации од сите делови на градот. Седум партнерски организации работат на овој проект отворен за пејачите што сакаат да учествуваат. Дел од проектот се отворените проби и работилниците за организирање на социјални и културни настани.

Извор: milelongopera.com

ОкоБоли главаВицФото