Престапникот не е доплатен

24.10.2018 13:17
Престапникот не е доплатен

 Пар(ти)ите се отепувачка.


Тражили сте, глодајте!


Стерилно газите.


Млазот е подесен, а чешмата полева.


Никогаш не го потценувај туѓото немислење.


Полицаецот беше многу фин и ми излезе во претрес.


Патиките ми се пред сандалите оти имаат врски.


Лесно е на шалтер, само треба да му го фатиш редот.


Престапникот не е доплатен!





- Ладно е - рекло парното.
- Слабо си, ребрата ти се бројат.


Откако изгуби десет кила послабо те гледам.


Можев да станам и манекенка, ама го згрешив струкот.


Уште кога станав гимнастичарка си ја зачепатив судбината.


Не поседувам свое Јас оти не сум посесивна.


Јас сум најдобрата личност што не ја познавам.


Не можам да си дојдам на ред од себе.


Интерсене карактер.





Ти си моето животно искуство, само не знам точно кое животно.


Можеби природата ми е мртва, но е прекрасна.


Си ја отворив душата и ми излета молец.


Спиењето ми ги отвори очите.


Kафето ме крена и ме фрли во публика.


Сѐ што ќе посакаш од животот ќе ти биде остарено.


Аутопсијата покажа дека умрел од рака на срце.





- Песот те слуша дур читаш научни трудови?!
- Научен е.


Миленичиња за домашна употреба: мачето е маса, а кучето каса.


Го фатив автобусот со друга.


Див ко Запад, близок ко Исток, здрав ко Чолич, жив ко Чинго.


Нарко-пчелка дила полен на вртипоп пред цветна литургија.


Топката ми остана сферна до крајот на натпреварот.


А кравата многу ли е тревопасна по живот?


Сиот овој џез, со повеќе кечап и мајонез.


Уште ли има жива свирка по локалите?! Мислев умре тоа.


ОкоБоли главаВицФото